Хороскопски знак кој е во состојба да ги прочита вашите мисли

Нивна планета владетелка е Нептун која е поврзана со соништата и визиите. Овие луѓе имаат голема верба и надеж, изразуваат сочувство и секогаш добро ги чувствуваат вибрациите од другите луѓе.

horoskopski-znak-koj-e-vo-sostojba-i-da-gi-procita-vashite-misli-01.jpg

Тоа се Рибите.

Тие живеат во свет составен од соништа. Од другите луѓе се разликуваат по живата фантазија, креативноста, интуицијата и визионерскиот дух, а често поседуваат и ретки способности и таленти.

Најдобро работат во мирна и инспиративна атмосфера, бидејќи негативните влијанија длабоко ги чувствуваат. Па и бучавата им пречи во креативниот процес.

Рибите се изразуваат преку боите и танцот, но често не знаат да ги истакнат сите свои можности. Секогаш им треба помош од некој друг.

1. Рибите се воден знак, па имаат способности да забележат невидливи работи кои покажуваат работи и пред да се случат.

2. Како Близнаците, Девиците и Стрелците и Рибите се со променлив карактер, што значи лесно може да ги импресионирате.

3. Со Рибите владее Нептун - планета која е поврзана со волшебниците и мистиката.

4. Како последен знак во Зодијакот, тие сакаат да ги сочуваат драгоцените остатоци од претходниот циклус за непознатата иднина која ги чека. Со една нога се во сегашноста, а со другата во иднината. Често имаат визии за иднината.

5. Овој знак често не знае дека е видовит. Тоа може да го сознае само откако ќе ги има првите мали визии.

Рибите можат да сонуваат за работи кои укажуваат на важни случувања, а нивната најважна карактеристика е лесното препознавање и читање на знаците околу нив. Најважен им е внатрешниот мир. Често се предаваат на одредени пороци за да избегаат од реалноста. Нивното мото е: „Се чувствувам...“. Во главно, се водат од нивната интуиција.

Покрај нив можете да ги развиете и сопствената интуиција, фантазија, видовитост и поврзување со несвесното.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg