Зошто не сакате да имате Скорпија за непријател?

Скорпијата без грам сомнеж е најодмаздољубивиот знак во зодијакот. Водени од планетите Марс – планета на војната и енергијата и Плутон – планетата на моќта и контролата, Скорпиите се тврдоглави, моќни и лути непријатели кои мразат да губат.

zoshto-ne-sakate-da-imate-skorpija-za-neprijatel-1.jpg

Скорпијата е безмилосна, ја сака доминацијата и улогата на куклар кој ги влече конците позади завесата.

Нивниот одбранбен механизам е силен, а убодот на Скорпијата е фатален. Ако Бикот ги има своите рогови за одбрана, а Лавот гласноста на своето рикање, тогаш со сигурност може да се каже, дека опашката на Скорпијата полна отров ја опишува најдобро кога станува збор за одмазда.

Еве зошто не би сакале да ја имате Скорпијата на листата на непријатели:

Ги замрзнуваат сите односи

Може да им ѕвоните и да им пишувате пораки до бескрај, кога Скорпијата е лута, таа целосно ќе ве игнорира. Студено ќе ве одмине во јавност без да трепне, ниту да го сврти погледот кон вас.

Ќе ве избрише од Фејсбук, Инстаграм и Твитер во рок од неколку минути, бидејќи кога Скорпијата мрази, тоа не е вештачко преправање или играчка, тоа е сериозно.

Си поигруваат со вашиот мозок

Откако ќе им понудите десетина извинувања, можно е Скорпијата конечно да ги прифати... или сепак не? Со овој хороскопски знак никогаш не сте на чисто. Нема да знаете со сигурност дали сте повторно пријатели или не.

Тие обожаваат да си поигруваат со луѓето и ментално да ги измачуваат. Тоа е еден од начините на кои сурово се одмаздуваат, бидејќи се одлични манипулатори.

Еден ден ви се блиски како порано, а веќе следниот ве одминуваат како странци и повторно од почеток во еден магепсан круг на чудно (не)пријателство.

Ве саботираат

Јавно или тајно, тоа не е воопшто важно. Скорпијата едноставно ќе пронајде начин да ги ви замрси плановите, да ви ја искомплицира работата, да ве понижи и да ве доведе до солзи.

Сите ваши недостатоци и маани ќе бидат ставени „на тапет“ и таа вешто ќе ја искористи својата предност. Затоа Скорпијата ретко ја открива својата слабост, бидејќи смета дека секој може да ја искористи против неа, онака како што таа им го прави на другите.

Не одбираат средства, ниту начин за одмазда

Скорпиите сакаат лојалност и верност и одлично умеат да чуваат тајни. Не е никакво чудо кога се разочаруваат од пријателите околу нив кои не ги поседуваат овие карактеристики.

Тогаш Скорпијата тргнува во напад, типичен макијавелистички метод на „Целта ги оправдува средствата“. Лутата Скорпија не бира начин, место, ниту време за одмазда.

Таа ќе го пушти отровот во форма на поројни зборови, бидејќи ја преферира вербалната, пред физичката борба, иако и оваа втората не е целосно исклучена од одмаздничкото мени.

Ја постигнуваат целта по секоја цена

Ова совршено се надоврзува на претходно кажаното. Макар и по цена да падне заедно со вас, Скорпијата ќе ја дочека својата одмазда и своите 5 минути. Едноставно е – таа нема да има мир ниту да заспие, додека не го оствари она кое го зацртала во главата.

Ако тоа значи да се понижи, да биде ранлива, па дури и исмејана во јавност, не е важно, сè додека знае дека и вие сте паднале заедно со неа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg