Не сакате да имате проблеми со нив: Најопасните знаци во Зодијакот

За нив, опасноста претставува адреналин кој постојано ги возбудува и прави да се чувствуваат посебно и моќно.

Ne-sakate-da-imate-problemi-so-niv-Najopasnite-znaci-vo-zodijakot-001.jpg

Иако, штом се спомне зборот опасност, на многумина прва на памет им паѓа Скорпијата, вистината е дека освен неа, има уште два други знака со кои не би сакале да си имате работа.

Тие ќе ве вовлечат во опасност и ќе уживаат во неа, но и во вашите реакции, кои за нив ќе бидат смешни и забавни.

Во друштво на Скорпијата, овојпат тука се и Јарецот и Рибите.

Јарец

За Јарците, парите се најголемото достигнување, па токму затоа, сите емоции кон живите суштества им се ограничени. Не очекувајте да видите каква било емоција на нивното лице, ниту пак очекувајте тие да се потрудат да го покажат тоа на некој друг начин.

Ако сте решиле да ги повредите, имајте на ум дека тоа нема да ви оди така лесно, дури може да се каже и дека е невозможно.

Скорпија

Скорпиите пред сè, воопшто не се зли или бесчувствителни. Напротив, тие се многу чувствителни и кога некого сакаат - целосно му се предаваат.

Меѓутоа, доколку ги изневерите или повредите, ќе ја имате таа несреќа да ја запознаете нивната најмрачна страна. Доколку дојде до ваква ситуација, тие се во состојба буквално да ви го загорчат животот.

Затоа, најдобро би било да не ги ставате во такво искушение и сè ќе биде во ред.

Риби

Со потполно луди и нереални идеи, додека ви се смешкаат, низ главата може да им поминуваат мисли за тоа како би можеле да ви ги извадат очите, за да испробуваат најразлични експерименти врз нив.

За своја корист, Рибите се во состојба да смислат толку уверливи лаги, што вие никогаш не би ни помислиле дека се невистини. Тактички ќе ви ја најдат најслабата точка и ќе играат на картата на сожалување.

Толку многу се внесуваат во таквата улога, што за момент ќе си поверуваат и самите на себе. Штом ја остварат својата цел, едноставно ќе исчезнат, а вие дури во тој момент ќе дознаете со какви лажговци сте си имале работа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Во кој град треба да се преселите, според хороскопскиот знак? Лавови, вие сте харизматични, сакате да го споделувате вашето мислење и не ви е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg