Каде треба да отпатува секој хороскопски знак за празниците?

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници многумина веќе си ја проектираат совршената вечер дома, покрај елката или каминот, со вкусна храна и пијалаци.

kade-treba-da-otpatuva-sekoj-horoskopski-znak-za-praznicite-01_copy_copy.jpg

Но, дел имаат нескротлива желба за патување и освојување нови хоризонти.

Возбудата при пакување на куферот, преминувањето граници и престојот во хотелски соби е неспоредлив со топлата домашна атмосфера.

Па, каде би требало да отпатува секој хороскопски знак за празниците?

Можеби еден дел овие дестинации ќе станат реалност:

Овен

Исполнет со енергија која не му дозволува да седи долго на едно место, Овенот сака истражување и авантури кои ќе му го задржат вниманието. Одличен избор е Аргентина, Нов Зеланд и Австралија. Дубаи целосно ќе го освои, а за доза возбуда и адреналин, упатете се кон Јужна Африка или Перу.

Бик

Приземјените Бикови треба да се упатат кон места со доволно добра храна, уметност, театар и архитектура за да бидат среќни. Градовите како Даблин, Париз, Фиренца, Барселона и Прага ќе им го нахранат телото и умот ќе ги задоволат нивните потајни уметнички склоности.

Близнаци

Екстровертните весели Близнаци бараат живописно и среќно опкружување за празниците. Тренди модерни градови со богат ноќен живот се нивната идеална дестинација. Идеално ќе се вклопат во Сан Франциско, Њујорк, Лондон или Хонгконг.

Рак

Љубителите на убава храна ќе се чувствуваат како дома секаде каде што ќе имаат можност да пробаат вкусна традиционална храна. Како типичен претставник на водените знаци, Раковите функционираат одлично на места со прекрасни плажи, реки или водопади. Островите во Грција, Рим, Карибите или Малдивите како и Тајланд се солидни избори за патување.

Лав

Лавовите сакаат гламур и градови кои едноставно блескаат со својата естетика. Париз, Њујорк, Милано, Капри или Женева се во состојба да им понудат првокласна услуга и богато опкружување каде што и самите ќе се чувствуваат како ѕвезди. Одморот мора да биде зачинет со шопинг, за да биде доволно екстравагантен за знак каков што е Лавот.

Девица

Девиците обожаваат да планираат. Сакаат да прават списоци и листи и добро да го истражат местото пред да се упатат кон одбраната дестинација. Места богати со историја и култура ќе го нахранат нивниот глад за информации. Египет, Грција, Мадрид, Берлин или Рим се идеални за тоа. Девиците сакаат да учат, не само да се одмараат и забавуваат додека се на одмор.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg