Кои ќе бидат најсреќните денови за вашиот хороскопски знак во 2017-та?

Пред нас имаме нова година, што значи нови шанси за поубави почетоци.

koi-ke-bidat-najskrenite-denovi-za-vasiot-horoskopski-znak-vo-2017-ta-1.jpg

Она што немавте шанса да го исполните во 2016-та, може да го направите во новата 2017-та.

Кои денови се најповолни за љубов, а кои за работа? Кои се вашите среќни периоди во 2017-та?

Овен

3-ти февруари до 3-ти март - Може да се заљубите силно и страствено, да остварите финансиски успех, да уживате во вниманието и комплиментите кои ќе пристигнуваат од сите страни.

28-ми април до 6-ти јуни - Венера е во вашиот знак и освен тоа што ќе ви донесе среќа во љубовта, ова е поволно време за правење пари од вашите знаења и деловни вештини.

Бик

6-ти јуни до 4-ти јули - Подароците, признанијата и вниманието кое ќе го добивате од блиските и вербата во сопствените можности, ќе ви создадат чувство дека сте сакани и ќе ви ги разубават деновите.

7-ми ноември до 22-ри ноември - Промените ве водат во подобар живот. Спојот на Венера и Јупитер во знакот на Скорпија е знак на благосостојба, богатство и среќни моменти во пар.

Близнаци

6-ти јуни до 20-ти јуни - Плоден период за деловно докажување и професионално усовршување. Новите работни предизвици ќе ви ги зголемат месечните примања.

6-ти јули до 30-ти јули - Венера во вашиот знак ќе ја нагласи привлечноста, спонтаноста на вашата личност и ќе ви помогне во остварување на љубовните и финансиски планови.

Рак

31-ви јули до 28-ми август - Дека животот е полн со неочекувани изненадувања и дека никогаш не знаете што може да ви донесе, ќе сфатите токму во овој период на промени.

9-ти декември до 31-ви декември - Од страст и љубов ќе биде изградена секоја ваша клетка. На пат сте кон големи љубовни остварувања, се движите сериозно и верувате во себе. Само напред!

Лав

6-ти јули до 24-ти јули - Меркур е во вашиот знак и ве поттикнува на големи деловни активности, што ќе ви донесе шанси за поголема заработка и зајакнување на самодовербата низ работата.

26-ти август од 9-ти септември - Магнетски сте привлечни. Ќе ве усреќи наклонетоста на личности од спротивен пол, но би требало да се задржите до една која вам ви е драга.

Девица

13-ти јануари до 31-ви јануари - Можете да уживате во опуштеноста, чувството на мир и близината на луѓето кои ги сакате. Социјалниот живот ќе биде извор на возбудливи емотивни ролеркостери.

19-ти септември до 6-ти октомври - На самците ќе им се пружи шанса за влез во нова љубовна врска. Страста ќе биде посилна од разумот. Не се плашете од препуштање на контролата - уживајте!

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Ретроградна Венера од 22 јули ќе донесе драма и љубовни промени - Како ќе влијае на хороскопските зн... Овен - Ретроградната Венера во вашиот живот може да врати некоја стара љубов (шт...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
5 хороскопски знаци кои никогаш не даваат втора шанса Гордоста е она што не им дозволува на Лавовите да простат и да дадат втора шанса...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg