Еден хороскопски знак за кој оваа пролет ќе биде посебно прекрасна

Вистинско време за љубов, пари и среќа ве очекуваат уште со првите зраци на пролетта.

eden-horoskopski-znak-za-koj-ovaa-prolet-ke-bide-posebno-prekrasna-001.jpg

Топлите денови будат нова љубовна енергија во секој од нас, а еден хороскопски знак посебно ќе заблеска со шарм.

Кога ќе помислиме на љубовната магија, прво што нè интересира е каде се наоѓа Венера, симболот на убавината и романтиката.

Оваа пролет силна планетарна поддршка во остварувањето на љубовните желби ќе добие Овнот.

Овој пролетен период ќе биде посебно магичен за за припадниците на овој знак заради тоа што Венера ќе се движи низ овој знак од 3-ти февруари до 2-ри април и потоа од 28-ми април до 6-ти јуни.

Не е ни чудно што Овнот ќе се чувствува како да е на седмо небо. Сè ќе се врти околу припадниците на овој знак, па затоа и самите се грижат за изгледот и начинот на однесување. Сепак, би требало да се опуштите бидејќи нема да ви треба многу за да привлечете внимание.

Што се однесува до шармот, тука нема што да се менува. Сите ве сметаат за исклучително пријатно друштво и никој нема да остане рамнодушен на вашата атрактивност.

Сите љубовни сили на планетите работат во ваша корист, па така и Марс ќе ви ја зголемува страста барем до 9-ти март. Никој не ќе може да ви одолее, а таа самоувереност во освојувањето ќе ве направи уште попривлечни.

Овие прогнози не се однесуваат само за тие што се во знакот на Овен, туку и за оние кои се Овен во подзнак.

Ако ги имате Венера и Овнот во вашиот натален хороскоп, тоа значи дека вас ве краси посебна аура од невин шарм, па затоа сите ја толерираат вашата нетрпеливост и детско однесување. Сакате врска која е полна со енергија и акција.

Сите ќе бидат по малку нестрпливи додека Венера е во знакот на Овен. Ова е време кога не треба да се вртиме назад кон минатото туку да му се радуваме на секој нов ден. Време е за љубов, романтични освојувања, заведување, спонтаност и восхит кој ќе ви го отвори срцето.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои се (убедливо) најдобри колеги на работа Девици – Тие се познати по својата аналитичност и перфекционизам. Сите задачи ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg