Како хороскопските знаци носат одлуки - со срцето, мозокот или со двете?

„Докторе, многу сум неодлучен... или можеби не сум?“ Неодлучноста е веројатно одлика на некоја личност од вашето блиско опкружување и ви оди понекогаш на нерви. А можеби и вие сте еден од оние „пишман-аџии“ на кои им треба вечност да донесат одлука, без разлика дали се работи за нешто сериозно или пак бојата на новите чорапи кои ги купувате.

Kako-horoskopskite-znaci-nosat-odluki-01.jpg

Кога станува збор за носење одлуки во животот, хороскопските знаци најдобро се делат во 3 групи кои носат решенија потпирајќи се на срцето, мозокот или и двете истовремено.

Во која група припаѓате вие?

Срце

Рак, Риба, Лав, Овен

За Раковите и Рибите не е никакво изненадување што одлуките ги носат првенствено со срцето. Нежни и емотивни, на вагата на нивното расудување тасот на разумот секогаш ќе биде полесен од оној на срцето.

Она што изненадува во оваа група се Лавовите и Овните. Особено драматични, горделиви и по малку арогантни, на моменти ладни и дистанцирани, сепак овие два знаци имаат особено изразена емпатична страна, па во целата еуфорија срцето успева некако да надвладее и да го победи умот.

Мозок

Девица, Јарец, Вага, Водолија

Секако дека Девиците и Јарците носат одлуки поткрепени со аналитичко и практично размислување. Со нив нема шега, понекогаш имаат срце од камен и не дозволуваат да ги поколеба каква и да било емоција. Прагматичност пред сé останато!

Вагите и Водолиите се вистинско изненадување во групата. Вагите вообичаено сакаат да балансираат во секој аспект од животот, но изненадувачки одлуките ги носат со разумот. Водолиите иако се карактеризираат како слободни и ноншалантни во принцип носат многу разумни и промислени одлуки.

Срце и мозок

Близнаци, Стрелец, Скорпија, Бик

Овие 4 знаци успеваат да балансираат помеѓу срцето и разумот кога доаѓа време да се донесе некоја одлука. Може да ги најдете како прават листа ЗА и ПРОТИВ околу некое важно прашање, обидувајќи се да пронајдат идеален компромис каде што ќе биде задоволена и емотивната и практичната страна.

Интересно е што можеби ќе се посоветуваат со неколку луѓе, но секогаш на крајот ја донесуваат одлуката по свое, макар направиле грешка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg