Кој е авторитет за вас? За Овенот - неговата мајка, за Јарците - правниците

Кој за вас претставува најголем авторитет? Кого најмногу почитувате и зошто?

kakva-licnost-pretstavuva-avtoritet-za-horoskopskite-znaci-za-jarcite-kakva-lichnost-pretstavuva-avtoritet-za-horoskopskite-znaci-za-jarcite-pravnik-pravnik-za-rakovite-hirurg-01.jpg

Кај речиси сите народи е втемелено верувањето дека планетите и ѕвездите се симболи на боговите и другите натприродни сили кои ги контролираат нивните животи.

Плус, дека планетите можат да ни ја испишат судбината.

Па, што претставува авторитет за вас според хороскопскиот знак?

Овен

Лојални сте на надредените од работа, ама сепак, за вас најголем авторитет, е вашата мајка. Многу сте поврзани за семејството и ја почитувате хиерархијата, па на прво место ви се родителите - како вашите родители, така и родителите на партнерот. Бидејќи сте трудољубиви, најмногу ги почитувате моќните бизнисмени, научниците и професорите кои успеале во странство.

Бик

Припаѓате на семејните знаци кои ја почитуваат традицијата, тешко прифаќате промени и робувате на навиките, па за вас, авторитет е секоја личност на која ѝ завидувате, без разлика дали станува збор за спортисти или хазардери кои се подготвени да си го завртат животот наопаку. Ве импресионираат уметниците, генијалците, режисерите, актерите и новинарите на кои сите врати им се отворени.

Близнаци

Покрај егоцентричноста, една од вашите маани е и нетрпеливоста, па за вас, најголем авторитет се личностите кои се пожртвувани, сочувствителни и благородни, бидејќи се подготвени секого да сослушаат и да дадат помош на оние кои им е неопходна истата. Затоа, најмногу ги почитувате лекарите, ветеринарите, социјалните работници и психолозите, ама се воодушевувате и на сликарите, композиторите, музичарите и дизајнерите кои својата фантазија ја претвораат во реалност.

Рак

Ја имате поддршката од вашите најголеми авторитети, родителите и емотивниот партнер, ама вас ве маѓепсуваат и личност кои се на некоја висока положба како бизнисмените и дипломатите. Лекарите ве импресионираат. Заради променливото расположение, на вас не може секогаш да се смета, па баш затоа се воодушевувате на личностите кои се занимаваат со стресни и опасни работи како хирурзите, новинарите, спортистите...

Лав

Во главно, вие сте авторитет за другите, ама заради потребите за удобен живот, ве привлекуваат личности кои се добро ситуирани и материјално обезбедени. Ве импресионираат банкари, бизнисмени, дизајнери на накит и стилисти заради мануелните вештини и дарот за финансии. Во вас се крие дете кое се воодушевува на научниците, истражувачите, детективите и археолозите, бидејќи на еден начин како да се занимаваат со некаква игра.

Девица

Секогаш многу добро знаете што сакате, размислувате далеку однапред и не сакате изненадувања, па вас ви годат комуникативни и духовити личности кои се снаодливи и секогаш кога ќе паднат, подот го дочекуваат на двете нозе. Заради тоа се воодушевувате на приватните претприемачи кои имаат нови идеи и често ја менуваат работата.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Скриената страна на секој хороскопски знак (што не ја знаат ни најблиските) Водолиите изгледаат како личности кои сакаат да помагаат и да го подобрат светот...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
5 хороскопски знаци со најдобар моден стил Можеби Рибите не се луди по мода, но тие се мошне креативни, а токму поради ова ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg