Која е вашата слаба точка? Овните се плашат од осаменост, Рибите - од моќни луѓе

koja-e-vashata-najslaba-tocka-na-bikot-finansiite-na-skorpijata-ljubovta-1.jpg

Вага

Вагите не сакаат расправии, посебно не на јавни места, без разлика дали се во кругот на пријателите или непознати личности, па заради тоа секогаш се воздржуваат. Слаба точка им се разговорите за непријатни теми како што се здравствените проблеми, заради кои се загрижени повеќе од било кој друг знак.

Се плашат од реалноста, се трудат да го избегнат стресот, а лек за тоа најчесто им е храната, посебно благото.

Скорпија

Слаба точка на Скорпиите е нивниот љубовен живот, без разлика на тоа што ја носат титулата на најголем заводник во Зодијакот. Скорпијата се грижи и за својот физички изглед и еротската моќ, бидејќи времето поминува, а со тоа интересот на спротивниот пол може да почне да опаѓа.

Доколку ја изгуби саканата личност, која решила да премине на друг партнер, токму тогаш Скорпијата е најранлива и изгубена.

Стрелец

Иако се многу прилагодливи и снаодливи, Стрелците постојано внимаваат другите личности да не им прават нешто позади грб, посебно на работа. Слаба точка им е правдољубивоста и затоа не поднесуваат агресија и насилство, бидејќи се чувствителни на туѓото страдање и туѓите проблеми.

Стрелците ги загрижува и однесувањето на саканата личност, па се сомничави и претпазливи, но тоа никогаш не го покажуваат.

Јарец

Јарците се плашат од промени иако секогаш се подготвени да одат напред и сакаат да се искачат до самиот врв, од каде сè можат да видат подобро. Сепак, слаба точка на Јарецот му се емотивноста и потпирањето на соништата и фантазиите, особено ако не успеале да ги остварат.

Имаат дар да ги препознаат знаците кои другите не можат и тоа може да ги загрижи, бидејќи се суеверни, посебно кога е во прашање партнерот или другите членови на семејството.

Водолија

Иако на прв поглед делуваат незаинтересирано и ладнокрвно, на Водолиите слаба точка им е стравот од губиток, без разлика дали се работи за професионална положба, финансиска сигурност или почитување од семејството.

Длабоко во душата се плашат од понижување, болести и сиромаштија, па за нив не сакаат ниту да зборуваат само за да не се „баксузираат“. Слаба точка им се и домашните миленици, бидејќи ги сакаат со сето срце и не сакаат да ги изгубат.

Риби

Рибите вешто и шармантно ги прикриваат сопствените несигурности, а најголемата слаба точка ретко кој може да им ја забележи, бидејќи умешно бегаат во својот паралелен свет на фантазии и соништа. Амбициозни се и многу способни, па се плашат од „поголемите риби“ кои можат да ги проголтаат, но тоа никогаш не го покажуваат.

Немоќните, слабите и незаштитените, односно децата и постарите, секогаш им го крадат вниманието.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg