Како да го препознаете секој хороскопски знак по говорот на телото?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Rabota od doma 20-10-2017
Монтери 20-10-2017
Лимар 20-10-2017


Како да го препознаете секој хороскопски знак по говорот на телото?

Сите хороскопски знаци имаат свои карактеристики по кои може да ги препознаете, но дури откако ќе ги запознаете подобро.

kako-da-go-prepoznaete-sekoj-horoskopski-znak-po-govorot-na-teloto-1.jpg

Но, ако судите по држењето, изгледот и говорот на телото, ви треба само 1 минута за да откриете за кој хороскопски знак се работи.

Поделени по четирите елементи – оган, земја, воздух и вода, говорот на телото на хороскопските знаци изгледа вака:

Огнени знаци

Овен

Настапот им е сигурен и одлучен. Движењата им се живи, сигурни и добро промислени. Го гледаат соговорникот во очи и без извинување го прекинуваат кога имаат да кажат нешто. Секогаш се туркаат пред другите, одат со брзи и жестоки чекори, често со главата изразена нанапред.

Лав

За себе создаваат возвишена слика, посебност и авторитет. Добриот вкус е веднаш впечатлив, поради страста со која се грижат за сопственото тело. Имаат манијакална потреба секогаш да бидат во одлична физичка форма. Жените Лавици се посебно препознатливи по еластичноста.

Стрелец

Може да бидат необично убави, имаат исправено држење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Многу Стрелци се предмет на вљубување на прв поглед токму поради неодоливата привлечност. Кога некој ги привлекува пак, покажуваат отворена потреба за неговата близина и допир, дури и на јавни места.

Земјени знаци

Бик

Остриот поглед со доза на лутина, ситните брчки околу усните и подигнатите веѓи се вистинските знаци по кои ќе го познаете Бикот. Припадниците на овој знак ја најавуваат сензуалноста со секое свое движење, бидејќи се крајно еротски настроени по природа. Нивната интуицијата е исто така посебно изразена.

Девица

Гестикулациите и мимиките се често сведени на минимум, но она малку што се гледа, кажува доволно. Колку и да се трудат, тешко го сокриваат немирот и нервозата, заради цупкањето и чепкањето на косата. Колку што се поуспешни, толку се емотивно постабилни и движењата им се посмирени и посигурни.

Јарец

Движењата им се војнички извежбани, но ако некој подолго ги набљудува, ќе забележи промени во движењата кога ќе се доближи лице кое им се допаѓа. Исто така, лесно им паѓа концентрацијата баш кога најмалку треба. На случувањата поврзани со кариерата, драстично го менуваат држењето и начинот на одење.

Воздушните и Водните знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Толкувања стари 200 години: Народен календар за сите 12 хороскопски зн... Народниот календар е книга која порано ја имало во речиси секој дом. Во него мож...
3 знаци кои никогаш нема да ве изневерат Добро е да ги имате за пријатели, но и како љубовни партнери. Во свет како денеш...
Кои се двата најискрени знаци во Зодијакот? Астролозите велат дека овие два хороскопоски знаци секогаш ја кажуваат вистината...