Постои тарот карта за секој хороскопски знак - Која е вашата?

Независно дали сте фанови на тарот картите или не, морате да признаете дека постои нешто многу мистериозно во врска со нив. Можеби фактот дека се користени со векови назад, како и астрологијата за духовно водење. 

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-1

Иако тарот и астрологијата многу се разликуваат, тие сепак се поврзани на многу начини. За некои карти во шпилот на тарот се вели дека ги претставуваат 12-те хороскопски знаци.

Тарот картите имаат голем придонес во тоа да го разберете вашиот карактер, предизвиците со кои би можеле да се соочуваате во текот на животот и духовните лекции кои треба да ги научите.

Еве што вели вашата тарот карта:

Овен (Царот)

Царот е фигура на лидерство, некој кој ја користи својата харизма и шарм за да го добие тоа што го сака од луѓето. Кога картата е свртена наопаку, тоа значи дека треба да го промените тоа што го сакате за тоа што ви е моментално достапно, но главно оваа карта значи дека ги имате потребните ресурси за да ги постигнете вашите цели во животот.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-2

Бик (Хиерофант)

Оваа карта ја претставува духовната транзиција од ученик на учител. Хиерофантот ве советува да научите се што треба за она што се одлучиле да го правите. Учете го бавно и детално, и за некое време ќе бидете барани за совети. Заслужете ја почитта со тоа што ќе го проширите вашето знаење и искуство. Станете вистински експерт во вашето поле, наместо само да зборувате на празно.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-4

Близнаци (Љубовници)

Љубовниците е карта која го претставува предизвикот да го пронајдете вистинскиот партнер. За Близнаците го претставува личниот предизвик да донесат одлука да тргнат по еден или друг пат, а не по двата во исто време како што тие би сакале. Оваа карта ги советува Близнаците внимателно да размислат за своите долгорочни интереси пред да донесат одлука. Бидете подготвени да направите компромис и така многу полесно ќе успеете да се посветите на патот по кој ќе се одлучите да одите.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-3

Рак (Кочија)

Како возачот на кочијата, така и Ракот ги користи своите ментални капацитети за да ја фокусира енергијата во животот таму каде што е најпотребна. Раковите пружат огромна сигурност, а оваа карта е само потсетник да се држат силно и сигурно за јажето низ промените кои доаѓаат во животот пред конечно да се смират на едно место. Многу места ќе ги нарекувате дом, пред навистина да го пронајдете вашиот вистински дом, но ќе биде се во ред.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-5

Лав (Сила)

За оваа карта можеби ви изгледа како да не треба објаснување, но сепак има многу повеќе детали за неа отколку што мислите. Секако ја претставува и физичката сила на Лавот, но и ги советува оние што ја имаат оваа карта дека нивната сила ќе биде многу пати ставена на тест. Во тој тест не треба да ја користите вашата физичка сила, туку вашата духовна сила ќе ви помогне да ги победите предизвиците. Дел од вашата цел во животот е да инспирирате храброст кај другите, но најпрвo треба самите да направите разлика помеѓу вашето его и вашиот внатрешен глас што интиуитивно ве води низ животот.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-7

Девица (Пустиник)

Пустиникот покажува колку тежок и напорен може да биде надворешниот свет за Девиците, кои се многу почувствителни отколку што покажуваат. На вас ви треба време да се одморите од светот, да се задлабочите во вашите мисли, и да најдете време за самотија. Не треба да зависите од појаснување од други, кога сите одговори и мудрости можете да ги пронајдете самите во себе. Вашата внатрешна мудрост ќе ви ја открие вашата цел во животот. Слушајте го вашиот внатрешен глас!

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-6

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg