Што ќе понесе секој хороскопски знак на пуст остров?

Замислете си дека завршувате на остров без храна и резерви, освен една работа по ваш избор. Таа алатка е клучна за тоа дали ќе преживеете или не.

shto-kje-ponese-sekoj-horoskopski-znak-na-pust-ostrov-01.jpg

Но, дали некогаш сте размислиле зошто баш за одредена алатка би ја одбрале пред другите?

Одлуката може да се основа на инстинктите кои ги налага вашиот хороскопски знак...

Овен - Компас

Овните се независни и постојано имаат потреба за авантура. Тука во игра доаѓа компасот кој ќе им помогне да знаат во која насока се движат. Не се плашат да одат напред, да искачат и планина и сè што ќе им наиде на патот. Ако најдат пештера, без страв ќе влезат во неа. Овните ја имаат најважната алатка за преживување - храброст.

Бик - Секира

Биковите се тврдоглави, но исто така и практични. Можеби ќе им треба долго време со секирата да го пресечат дрвото, но на крајот ќе успеат да направат засолниште за себе и да преживеат. Биковите имаат способност да бидат многу трпеливи и да се снајдат со помош на својата упорност.

Близнаци - Камуфлажа

Никогаш не можете да дознаете што точно мислат Близнаците, а ова посебно важи за Близнак кој е некаде заглавен на остров и осамен. Тогаш две страни испливуваат на површина - првата им вели да истражуваат сè околу себе, а другата им вели да се сокријат и спасат. Затоа, секогаш би одбрале камуфлажа да можат прикриено да истражуваат наоколу.

Рак - Шатор

Како школката на крабата, така Ракот има потреба од шатор кој ќе функционира како засолниште и ќе биде безбедно место каде можат да се чувствуваат сигурни кога се осамени. Раковите заради својата нежна природа тешко ќе се соочат со ситуацијата, но ќе останат смирени и ќе се адаптираат на околината додека не дојде тим да ги спаси.

Лав - Пиштол за сигнализирање

Лавовите сакаат да прават сè со стил, па бидете сигурни дека овие амбициозни екстроверти ќе се погрижат да го привлечат вниманието на луѓето. Токму затоа, секогаш ќе одберат пиштол за сигнализирање со кој подготвено ќе чека да испука и да се спаси. Исто така, можно е дури да направат и огнен знак на плажа за некој да ги забележи.

Девица - Семе за овошје и зеленчук

Девиците се знакот кој е најмногу во допир со природата и знакот кој има најмала шанса да остане прегладнет на пуст остров, бидејќи ќе одберат со себе семе кое ќе го засадат и така да преживеат. Дури може и да почнат да уживаат сами со себе на островот додека имаат доволно храна за преживување.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg