Каков пијаница сте според хороскопскиот знак?

Ѕвездите и планетите одлучуваат многу работи, а прагот на толеранција на алкохол е една од нив. Некои може да се испијанат од 2, а на други им се потребни минимум 5 пијачки за да се почувствуваат „цврцнато“.

Kakov-pijanica-ste-spored-horoskospkiot-znak-01.jpg

Дел од хороскопските знаци алкохолот ги инспирира за веселба, а некои на лутина.

Во која група припаѓате вие?

Среќни пијаници: Бик и Риби

Да ти е мерак да пиеш со Биковите и Рибите. Насмеани од уво до уво, пијат мераклиски, полека и со уживање. Кажуваат вицеви, се шегуваат на своја сметка. Максимално се опуштаат кога пијат и може да ги начекате и како имитираат други ликови или потпевнуваат некоја песна. Играњето на подиум додека сите други седат исто така не е исклучено. Оптимизмот излегува од секоја нивна пора, што е особено чудно за Бикот што е приземјен и прилично суров реалист. Но, со неколку чашки алкохол целиот свет им се бои розово и има надеж за посветла иднина.

Флертувачки пијаници: Девица, Лав и Вага

Овие три знаци се трансформираат во заводници со моќта на алкохолот. За волја на вистината Лавовите се и онака природно настроени кон заведување и флерт, а со малку алкохол се уште поопасни. Но, другите два знаци, мирните Девица и Вага, изненадувачки се трансформираат во опасни заведувачи.

Почнуваат да мрдаат со колковите, да ги оближуваат усните и да насочуваат флертувачки погледи кон личноста која им се допаѓа.

Со еден збор стануваат опасни и потенцијални кршачи на срца.

Лути пијаници: Овен и Скорпија

Овие два знаци не се нешто особено мирољубиви и кога се трезни, но под дејство на алкохол стануваат опасни, лути противници. Тогаш решаваат да дебатираат на сериозни теми: политика, религија, човекови права. Го подигнуваат тонот на гласот, трескаат по масите со рацете, а кршењето на некоја флаша или чаша е потенцијална опасност покрај нив. Внимавајте да не ја превртат масата на која се пие.

Физичкото пресметување исто така не е исклучена опција. Овенот и Скорпијата се агресивни и лути пијаници склони кон кавги. Немојте да пиете со нив или немојте да испиете премногу.

Смешни пијаници: Стрелец и Водолија

Ќе ги препознаете по гласното кикотење и урлање наоколу. Стрелецот и Водолијата се исклучително шармантни и смешни пијаници. Немаат особено висок праг на толеранција на алкохол, па после втората пијачка ќе ги видите како се лулаат и „шараат“ при одењето.

Склони се кон измислување специјални игри или шеги додека пијат. Па така може да ги начекате со нацртани мустаќи со фломастер во сред кафеана или како инсистираат дека е предобро да се има една пињата во моментот која би ја удирале со превез на очите. Или балон со хелиум за да имитираат гласови и да испуштаат чудни звуци кои задолжително ќе ги снимат на мобилниот телефон.

Емоционални пијаници: Јарец и Рак

За Раковите и не сме премногу изненадени. И онака емотивни, алкохолот ги прави уште почувствителни. Јарците под дејство на алкохол ги симнуваат рокчињата и се претвораат во мачиња кои предат. И двата знаци се мили и прилично емотивни кога се пијани. Ги погодува некоја песна покрај чашката со омилениот алкохол, па си потпевнуваат со солзи во очите.

Почнуваат носталгично да се присетуваат на минатото или на првата љубов. Се прегрнуваат и силно се гушкаат со завети за вечно и лојално пријателство.

Се прашувате каде се Близнаците?

Тие се во грмушките толку многу пијани после лудата забава, што никој не ги забележува ниту се обидува да ги пронајде. Успеале да испијат најмногу од сите знаци, а имаат и една неотворена флаша до нив. За секој случај.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 најдволични хороскопски знаци - зборуваат едно, па зад грб прават друго Луѓето често ги фаќаат Близнаците како зборуваат едно, а веднаш потоа прават неш...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg