Кои хороскопски знаци имаат најмногу среќа во коцкањето?

Компанијата за онлајн игри на среќа “Virgin Games” има направено истражување за тоа кои се најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за освојување на пари. Тие анализирале своја датабаза на околу 50.000 играчи кои добиле повеќе од 1.000 фунти.

koi-horoskopski-znaci-imaat-najmnogu-sreka-vo-kockanjeto-1

Од истражувањето заклучиле дека Водолиите се најсреќен хороскопски знак, а веднаш по нив доаѓаат Јарецот и Бикот, додека Вагите биле најнесреќен хороскопски знак кога станува збор за игри на среќа.

Проверете каде спаѓа вашиот знак на рангот на среќата:

1. Водолија
2. Јарец
3. Бик
4. Близнаци
5. Девица
6. Рак
7. Лав
8. Овен
9. Риби
10. Скорпија
11. Стрелец
12. Вага

Астролозите сепак тврдат дека не треба да се откажувате од надежта ако сте на крај на оваа листа, затоа што среќата зависи од многу работи. Дека сите знаци имаат потенцијал да добијат пари на овие игри и дека се зависи од движењето на планетите. Секој хороскопски знак има свој период кој може да го смета за најсреќен, дека треба да следите кога планетите се на ваша страна и тогаш да си ја пробате среќата.

А кога станува збор за навиките во коцкањето, хороскопските знаци ги имаат следните навики:

Овните се упорни и не тешко се справуваат со губење.

Биковите се доста суеверни и изведуваат секакви ритуали во казино.

Близнаците го менуваат расположението често, хаотични се и можат многу да изгубат.

Раковите се чуствителни и знаат да паднат во депресија ако изгубат многу.

Лавовите не признаваат пораз и се многу горди кога добиваат.

Девиците се скромни и знаат точно кога треба да престанат.

Вагата цело време се сомнева дали да продолжи или да престане да игра.

Скорпиите се доста суеверни но тоа не го признаваат.

Стрелците се оптимистични дури и кога губат најмногу.

Јарците умеат доста добро да ги препознаат слабите страни на противникот.

Водолиите се доста среќни и успешни во коцкањето.

Рибите преземаат нелогични ризици.

A. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg