Како веднаш да си го промените расположението според вашиот хороскопски знак?

Време е да престанете да се жалите. Вложете труд да изгледате позитивно и да се чувствувате позитивно однатре. Потрудете се да гледате на позитивната страна на нештата, пу дури и да ве критикуваат дека живеете во розов свет, навистина гледајте го светот низ розеви очила. 

kako-da-si-go-promenite-raspolozenieto-vednas-spored-vasiot-horoskopski-znak-001.jpg

Понекогаш се чувствуваме добро кога се жалиме дека работите не се токму така како што сакаме, тоа е како еден вид на воздишка кога долг период сме ги чувале работите внатре.

Но, доаѓа период кога ќе сфатите дека овие жалби ве афектираат вас и луѓето околу вас многу негативно. Кога конечно ќе го сфатите фактот дека треба да се дистанцирате од негативната енергија, поставете си предизвик да престанете да се жалите.

Верувајте, предизвикот ќе има просветлувачко дејство. Ќе сфатите дека премногу често ја користиме мизеријата за да се идентифицираме со другите. На тој начин остварува конекции со луѓето, но светот би бил многу посреќно место за живеење ако наместо жалење шириме позитивност наоколу.

Ако сте заинтересирано како да го промените вашето расположение, вашиот хороскопски знак ќе ви помогне:

Овен, Рак, Вага, Јарец

Вашиот лек за лошо расположение: Променете го фокусот

Овие знаци се многу енергични и многу возбудливи. За нив најлесниот начин да го избегнат лошото расположение е да помислат на нешто друго.

Искористете го вашиот потенцијал да уживате во промени и веднаш буквално сменете го фокусот на вашите мисли. Секако дека во моментот сте многу нервозни, но имате огромен потенцијал да преминувате од едно на друго нешто, па искористете го и овој случај.

Земете длабоко воздух, додека размислувате, кажете: избирам љубов и среќа. Издишете длабоко, кажете: се откажувам од негативни мисли.

Сега сте слободни да мислите на убави работи!

Водолија, Бик, Лав, Скорпија

Вашиот лек за лошо расположение: бидете благодарни

Овие знаци се многу фиксни. Оваа карактеристика може да ви помогне да ги завршите работите и проектите до крај, но исто така е многу лоша за кога сте во лошо расположение.

За вас речиси е невозможно да го промените мислењето. Но, сепак има решение.

Наредниот пат кога ќе се чувствувате вака беспомошно, фокусирајте се на благодарност. Ставете ги иритациите на страна, и пробајте да најдете работи во вашиот живот за кои сте благодарни дека ги имате.

Риби, Близнаци, Девица, Стрелец

Вашиот лек за лошо расположение: Фокусирајте се само на она што можете да го смените

Овие знаци се способни да го видат проблемот од повеќе страни. Искористете го тоа!

Следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, земете длабок здив и фрлете се на работа. Запрашајте се што можете да направите за да го промените тоа што ви се случува.

Кога ќе преземете одговорност врз вашите проблеми, тогаш можете да почнете да ги менувате. И ништо не е подобро од таа способност.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg