На која плажа треба да уживате летово, според хороскопскиот знак?


На која плажа треба да уживате летово, според хороскопскиот знак?

Некои сакаат гужви, гласна музика и многу пиење на плажа, додека други би се стуткале во некое ќоше и цел ден би го прележале под сенка.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-1.jpg

Дури и летните навики може да се поврзат со хороскопот и хороскопскиот знак, па затоа проверете си:

На која плажа треба да се излежува вашиот хороскопски знак летово?

Овен

Овните се најсреќни кога се во центарот на случувањата и акциите. Сакаат авантури и истражување на плажата на која се наоѓаат. Honokalani Beach на Мауи, Хаваи, е сосема задоволувачки избор. Темниот песок во контраст со зеленилото и тиркизно сината вода дефинитивно ќе ги воодушеви.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-01.jpg

Бик

Знаат како да уживаат во животот, па летото и добриот одмор за нив подразбира лежење со коктел во рака, додека сонцето им го гали телото. Arienzo Beach лоцирана на Амалфи е плажа со кристално чиста вода која им е по мерка на Биковите.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-02.jpg

Близнаци

Секогаш жедни за предизвик, сакаат спонтаност и новитети дури и кога се на одмор. Waipio Valley Beach на Хаваи дефинитивно ќе ги исполни нивните очекувања. Не е лесно да стигнете до неа, нуди многу предизвици, има вулкански песок и екстремно високи карпи. Тропската клима и бујна вегетација, како и водопадите во близина се доволни за да го задржи вниманието на Близнаците.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-03.jpg

Рак

Раковите лесно се нервозни и под стрес, па затоа одморот им треба за да ги наполнат батериите. Им треба природа и удобност, а тоа може да го добијат на Radhanagar Beach лоцирана на островот Хејвлок, Индија. Нереално убав бел песок и тиркизна вода е она на што ќе сведочат.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-04.jpg

Лав

Секогаш сака да е во центарот на вниманието, па никогаш не би одбрал плажа која е непозната и дива. Заедно со пријателите и блиските сонуваат за плажа како Playa del Amor на Мариетските Острови на Мексико. Нуди единствено искуство кое потоа може да го раскажуваат со месеци.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-05.jpg

Девица

Девиците никогаш не се задоволуваат без голем, помпезен летен одмор. Перфекционисти се по природа, па не можат да си дозволат да одат некаде каде што нема вкусни ресторани и активности кои вреди да се испробаат. Paradise Beach на Миконос е одличен избор за нив. Бич баровите нудат незаборавни коктели – ваше е само да уживате.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-06.jpg

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 знаци кои никогаш нема да ве изневерат Добро е да ги имате за пријатели, но и како љубовни партнери. Во свет како денеш...
Каде треба да отпатува секој хороскопски знак за празниците? Во пресрет на новогодишните и божиќните празници многумина веќе си ја проектираа...
Која е вашата слаба точка? Овните се плашат од осаменост, Рибите - од ... Секој си има своја слаба страна, своја слаба точка која ако некој успее да ја до...