5 хороскопски знаци кои не можат да трпат лажни луѓе

Некои луѓе имаат висок праг на толеранција, а други не може да го издржат сето лицемерие и маските кои ги менуваат лажните луѓе. Фитилот им е прекраток и едноставно не може да изглумат дека ги разбираат лажните пријателства, лажните насмевки, со еден збор – лажните луѓе.

5-horoskopski-znaci-koi-ne-mozat-da-trpat-lazni-luge-01.jpg

Овие 5 хороскопски знаци не може да ги поднесат ваквите луѓе. Дали вие сте еден од знаците кои не трпат „фејкери“?

Рак

Раковите генерално многу се грижат за луѓето кои се дел од нивниот живот. Тоа значи дека искрено се вложуваат себеси и своите емоции во односите.

Кога ќе дознаат дека некој им глуми и не е целосно искрен со нив, нема шанси да го трпат тоа. Целосно ги отсекуваат од животот, иако ги боли неколку месеци потоа. Ќе се прашуваат што направиле погрешно и зошто воопшто некој ги лажел, но нема да попуштат, ниту да простат.

Лав

Лавовите мразат неискрени луѓе! Мразат кога се игнорирани, кога некој ги лаже и кога некој ги искористува, па немојте да се изненадите доколку ве прозве пред сите поради лажниот карактер. Лавот нема да се мисли ниту една секунда да ве заштити, ниту пак ќе ви се извини поради бурната реакција.

Скорпија

Ако Скорпијата презира нешто од дното на душата, тоа е неискреност. Без разлика дали станува збор за пријателство или љубовна врска, или дали сте нов или стар пријател, таа ќе ве „прочита“, ќе ве открие и страшно ќе се вознемири.

А кога еднаш ќе се скршите довербата која ја има во вас, никогаш нема да ја залепите повторно. Скорпијата не заборава, ниту простува, па затоа е најдобро или да ја зборувате вистината кога сте со неа или да ѝ се тргнете од патот.

Водолија

Водолијата може да прости многу работи, но не и неисполнетото ветување. Ако не си го исполните ветувањето кон една Водолија, подобро бегајте.

Секако, таа има нежно срце и ќе сфати доколку навистина постои сериозна причина поради оја сте ја извисиле. Непредвидливи работи се случуваат и таа го разбира сето тоа. Но, немојте да ја лажете, бидејќи Водолијата тешко ги поднесува луѓето кои го прават тоа.

Риби

Рибите ги ценат врските кои ги имаат во животот, како пријателските, така и љубовните и колегијалните. Кога некој ја злоупотребува нејзината доверба или се обидува да ја придобие со лажење, тогаш таа добива некоја невидлива сила и јасно дава до знаење дека не сака да биде во вашата близина.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg