Што прави секој хороскопски знак откако ќе дознае дека сте го озборувале?

Како и за секоја друга работа во животот, така и за озборувањето, сите реагираме прилично различно.

Sto-pravi-sekoj-horoskopski-znak-otkako-ke-doznae-deka-ste-go-ozboruvale-01.jpg

Некои се подготвени да се степаат, а други пак размислуваат со ладна глава. Трети решаваат на трач-муабетите да возвратат со контра-напад и уште посочни озборувања.

Се чини дека ѕвездите и тука замешале прсти бидејќи според Зодијакот еве како реагира секој од 12-те хороскопски знаци кога дознава дека некој го озборувал:

Овен

Овенот има прилично „краток фитиљ“. Во моментот кога ќе дознае дека некој го озборувал тргнува во физичка пресметка.

„Сакаш да се тепаме? Мислиш дека не можам да те истепам?“ Овенот настапува агресивно и прилично жолчно. Подготвен е да оди докрај, па не е баш паметно да го лутите, ниту озборувате.

Бик

Како типичен хедонист Бикот нема да сака да си го расипе уживањето, само затоа што „некои таму неспособни“ решиле да го озборуваат. Позади добар коњ се крева прашина, си повторува Бикот додека мацка од вкусниот сос.

„Дефинитивно никогаш повеќе нема да делам храна со нив“.

Близнаци

„Па кај си братче, не сме се виделе 100 години. Уау, топ изгледаш!“

Близнаците ќе се однесуваат ноншалатно, како озборувањето за кое штотуку дознале не им е ниту на крајот од паметот. Затоа во себе ќе скројат пеколен план да ве засрамат пред оние кои ви значат, а особено пред личноста која ви се допаѓа. И ќе уживаат во одмаздата, смеејќи се. Можеби ќе сликнат и некое селфи.

Рак

Ракот започнува панично да плаче. „Не е возможно мене некој да ме озборува, што погрешив јас, што ти погрешив Господе?!“

Полека се приближува, ве тапка по рамото. Се вртите и ви удира силен бокс. Ракот вика Брза помош, се извинува и повторно започнува да плаче додека силно ве штипе за раката.

Лав

Лавот нема да сака да се пресметува физички со никого од страв да не настрада неговото убаво лице или косата во тепачката. Ќе се приближи арогантно и самоуверено ќе изјави: „Знам дека ме озборуваше затоа што си ми љубоморен и сум премногу добар за тебе. Никогаш нема да бидеш како мене, хаха“.

Девица

Како и за сè во животот, Девицата ќе се обиде да ги избалансира работите. „Дали направив нешто со кое те навредив? Можеме ли да поразговараме, што те натера да ме озборуваш?“ На крајот ќе ви падне толку незгодно што ќе ѝ пратите картичка со цвеќе и извинување.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg