Овните сакаат акција, Лавовите љубовна драма: Омилените филмски жанрови на хороскопските знаци

Кога сакаме да гледаме некој филм, честопати се двоумиме каков жанр да биде филмот. Некогаш сме расположени за психолошка драма, а некогаш сакаме и добар хорор.

ovnite-sakaat-akcija-lavovite-ljubovna-drama-omilenite-filmski-zhanrovi-na-horoskopskite-znaci-01.jpg

Астрологијата знае да одреди многу нешта во животот, па и филмот.

Во продолжение откријте во какви филмови ужива секој хороскопски знак:

Овен – акција и романтични комедии

Овенот сака филмови со многу акција и авантура, но повремено ужива и во некоја интересна романтична комедија. Омилени филмови му се акциите „Џејмс Бонд“ и „Умри машки“ и комедијата „Раскинување“  со Винс Вон и Џенифер Анистон.

Бик – филмови со насилство

Биковите преферираат филмови со насилство и со секс, во стилот на Квентин Тарантино. Знаат да уживаат и во некој црно-бел филм како оние со Чарли Чаплин или анимиран, на пример „Finding Nemo.“

Близнаци – психолошки драми

Најдобриот избор за Близнаците се психолошки драми со интересно сценарио. Меѓу омилените им се „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“, а сакаат и филмови со доза еротика како што е „9 ½ weeks.“

Рак – документарци

Емотивните Ракови сакаат љубовни филмови како „Mona Lisa Smile“, но и историски филмови и документарци од кои можат нешто да научат.

Лав – љубовни драми

Иако не признаваат, Лавовите сакаат сентиментални филмови како што се „The Notebook“ и „Terms of Endearment“. Ги сакаат и филмовите во кои глуми Клинт Иствуд.

Девица – филмови со животни

Девиците се практични, па може да се прилагодат на повеќе жанрови. Уживаат да гледаат филмови во кои животните се во главна улога, како што е филмот за кучето Хачико со Ричард Гир.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg