Мажите рангирани според хороскопот: Од моногамни до неверни „лоши момци“

Предупредување: Не паничете, бидејќи од секое правило има исклучок.

mazite-rangirani-spored-horoskopot-od-monogamni-do-neverni-loshi-momci-001.jpg

Ако според хороскопот ги подредите мажите од моногамни и лесно заљубливи, до неверни кои никогаш нема да се смират, листата би изгледала вака:

1. Рак

Раковите се врзуваат за една личност. Ако зборуваат со вас, зборуваат само со вас, дури и да не сте во врска официјално. Тие не се тип на мажи кои сакаат да испробаат повеќе опции пред да се одлучат. Штом еднаш решат дека вие сте вредни за нивната љубов, очекувајте посветеност и ништо помалку. Нема да флертуваат на страна, нема да загледуваат рандом девојки, ниту пак да ве остават за некоја друга.

2. Водолија

Знак кој на прв поглед делува ладно, заради тоа што сака да си го заштити срцето, но кога еднаш ќе почувствуваат љубов, срцето го ставаат на тацна. Немаат проблем да покажат емоции секогаш и секаде. Партнерката ја посипуваат со внимание, а подготвени се и да ги избришат сите пријателки од социјални мрежи и контакти од кои добиваат флерт.

3. Вага

Вагите се искрени. Лојални. Сакаат „засекогаш“ кое трае како од филмско сценарио. Но, нема да направат ништо ако не добијат дозвола од жената прво. Нема да спијат со неа ако сметаат дека не се на иста бранова должина. Секогаш бараат нешто посериозно од само авантура и обожаваат да дискутираат за емоциите пред да влезат во врска.

4. Јарец

Јарците се секогаш искрени, дури и кога вистината може малку да ве повреди. Ако сакаат да бидат со вас, верувајте дека ќе знаете. Ако сакаат да останете само пријатели, верувајте дека и тогаш ќе знаете. Ако сакаат само секс, ќе ви го кажат тоа гласно. Не можете да ги наречете лоши момци бидејќи отворено зборуваат за намерите, какви и да им се. Отворени се уште од првиот разговор.

5. Риби

Рибите целосно ќе се потпрат на вас. Тие ќе ве третираат со нежност, ќе ве натераат да се смеете најгласно што можете и ќе направат да се чувствувате посебно. Но, тоа не значи дека имаат посебни емоции кон вас, бидејќи кон сите се такви – сакаат луѓето да се чувствуваат добро во нивно друштво. Со нив секогаш ќе се прашувате дали се работи за пријателство или флерт.

6. Девица

Овој знак се плаши да не биде повреден. Затоа овие мажи имаат потешкотии да се предадат некому. Но, дури и кога ќе се случи да се вљубат, остануваат во контакт со бившите за да имаат бекап план доколку работите не се одвиваат како што посакуваат. Сакаат да знаат дека секогаш имаат план Б, па затоа нема да прекинат со флерт и испитување на теренот.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg