Мажите рангирани според хороскопот: Од моногамни до неверни „лоши момци“

7. Бик

Иако ќе ви тврдат дека се добри момци, само се лошо расположени дента, верувајте дека работите може да станат прилично непријатни со нив. Може да бидете обвинети за работи кои не сте ги направиле или да бидете наречени „грди“ неколку минути по изјавата дека сте прекрасни. Не прифаќаат добро одбивање. Понекогаш, тоа им ги спојува жичките и кажуваат многу непријатни зборови.

8. Лав

Лавовите си ја сакаат независноста. Не сакаат да ви куцкаат на секои 5 минути или да мора да се пријават каде одат секојпат кога ќе излезат од дома. Одлично избегнуваат важни прашања и дискусии. Може да ве третираат и како втора опција, без да се обидат да го скријат тоа.

9. Овен

Додека зборуваат со вас, очекувајте дека истото го кажуваат на уште барем 3-4 жени. Технички не прават ништо погрешно, бидејќи никогаш не ги дефинираат врските како врски, туку како „некаква поврзаност“. Дури и да ве повредат, нема да почувствуваат вина и потреба да се извинат, бидејќи реално никогаш не ви ветиле дека ќе бидат тука во добро и во зло.

10. Близнаци

Овие мажи мразат соочување. Ако не се заинтересирани за вас, нема ни да се обидат на убав начин да ви го соопштат тоа. Ако се изморат од вас или им досадите, едноставно ќе исчезнат. Ќе престанат да ви одговараат на повиците и пораките. Ќе ве избришат од социјалните мрежи. Често се преправаат дека ништо не се случило и дека ништо не им значите.

11. Скорпија

Скорпиите секогаш испраќаат измешани сигнали, бидејќи и самите не се свесни што точно сакаат. Дали сакаат да се сингл? Или сакаат сите опции да им се отворени? Или сепак сакаат да се само со вас? Но, што ако ги повредите? Не им се ризикува. Постојано ги преиспитуваат сопствените емоции и никогаш не сте на чисто на што сте со нив. Без оглед на тоа колку добро сте си поминале синоќа, веќе денес може да видите фотка со згодната колешка на дејт.

12. Стрелец

Ако овој маж реши дека сака да спие со вас, ќе измисли илјада и една работа за да ја постигне целта. Ќе ве убеди дека е вреден за вашето време и внимание. А, кога ќе го добие тоа што го сака од вас, ќе ве остави без објаснување. Никогаш не би биле со жена од што се фини и учтиви, ниту пак би се обврзале. Посреќни се сами и сакаат да остане така. Секогаш прават што е најдобро за нив, без оглед на тоа колку ќе ве повредат.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg