Љубовен хороскоп за ноември 2017: Овните имаат потреба од внимание, Стрелците ќе влезат во тајна врска

Што ве очекува во љубовта во ноември? Дали тоа се несогласувања и проблеми или пак, романтични моменти и нови врски?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2017-ovnite-imaat-potreba-od-vnimanie-strelcite-kje-vlezat-vo-tajna-vrska-01.jpg

Откријте каков ќе биде овој месец за вас според хороскопот и што да очекувате од него во зависност од тоа дали сте во врска или слободни. 

Овен

Ако сте во врска, имате потреба да добиете поголемо внимание од партнерот. Ќе бидете чувствителни на однесувањето на вашата сакана личност кон вас, а љубомората и страста ќе достигнат ново ниво.

Во втората половина на месецот ќе имате повеќе романтични моменти во врската и тоа ќе ви помогне да ги ублажите фрустрациите кои ќе ги чувствувате заради потребата на партнерот да биде доминантен.

Ќе најдете прикладен начин да избегнете конфликти и да најдете компромис.

Ако сте слободни, ќе најдете личност која ќе ве привлекува многу и ќе се заљубите, но нема да знаете како да ѝ пријдете, што не е карактеристично за вас.

Наместо да ја покажете вашата сексуалност и страст, ќе покажете културно однесување и ќе се држите на дистанца, а тоа е она што ќе ви донесе успех и можност да запливате во нова врска.

Бик

Ако сте во врска, со партнерот ќе имате многу обврски, а тоа нема да ви остави доволно време да се посветите еден на друг. Ова нема негативно да влијае на вашата врска, бидејќи ќе си пружате поддршка и разбирање, но бидете внимателни да не се запоставите целосно.

Во втората половина на месецот можно е да наидете на сериозни несогласувања за заедничките цели, а тоа може да доведе до конфликти. За да ја ублажите ситуацијата, неопходно е да разговарате отворено.

Кон крајот на месецот ќе бидете подготвени да најдете решение, бидејќи ќе имате повеќе време.

Ако сте слободни, вашата страсност ќе биде на завидно ниво и ќе бидете позаинтересирани за секс и авантура, отколку за влегување во сериозна врска.

Ќе ве привлече личност која ќе ви делува неодоливо и во вас ќе предизвика страст, но и ќе биде склона кон љубоморни сцени набрзо по почнувањето на авантурата. Сепак, другата личност ќе сака нешто повеќе од тоа.

Близнаци

Ако сте во врска, ќе бидете под доминација на партнерот, што нема воопшто да ви биде пријатно и може да доведе до несогласувања.

Кон средината на месецот можни се повторни несогласувања, посебно доколку постојат тајни во врската. Во втората половина на месецот ќе бидете подготвени да разговарате сериозно со партнерот, а тоа ќе го подобри вашиот однос.

Ќе почнете да покажувате повеќе иницијатива, иако нема да имате доволно волја за да започнете со решавање на проблемите во вашиот однос.

Ако сте слободни, ве очекува ново познанство со личност која ќе ги освои вашите симпатии и ќе остави силен впечаток врз вас. Ќе бидете склони кон идеализирање на личноста која ви се допаѓа, но тоа може да донесе и разочарување.

Обрнете внимание на тоа што ви е заедничко и на тоа во што се спротивставувате. Така најдобро ќе знаете како да ѝ пријдете и да бидете поблиски за да го освоите вниманието кое ви е потребно.

Рак

Ако сте во врска, на почетокот на месецот ќе се согласувате многу со партнерот и ќе започнете да работите на исполнување на заедничките цели, што дополнително ќе го зацврсти и подобри вашиот однос.

Во втората половина на месецот, ве очекуваат несогласувања и напната атмосфера. Ќе си вршите голем притисок еден на друг за работите во кои не се согласувате и секој ќе тера по свое.

Ако сте слободни, ќе имате поволни можности да започнете нова емотивна врска. Ќе запознаете некој со кој ќе доживеете силна заемна привлечност и нема да можете да си одолеете еден на друг.

Додека да сфатите што се случува, веќе ќе запливате многу подлабоко отколку што замислувавте. Тоа може да ги зајакне страстите, но и да создаде посесивност.

Лав

Ако сте во врска, потрудете се подобро да се усогласите со саканата личност за заедничкото време на почетокот на месецот. Ќе поминувате низ преодна напнатост и потребно ви е да внесете промени во врската.

Веќе кон средината на месецот ќе успеете да се усогласите и ќе ви се врати оптимизмот, а тоа ќе му годи на партнерот бидејќи ќе бидете среќни.

Втората половина на месецот е погодна за романтични моменти и ќе ви годат честите заеднички мигови на само.

Ако сте слободни, а имате подолго време некој кој ви се допаѓа или повремено се гледате во исто друштво и се обидувате да започнете нешто, почетокот на ноември е најповолен момент за тоа. во случај да немате симпатија, ќе запознаете некој кон средината на месецот.

Овој месец е погоден за влегување во емотивни врски за кои има шанси да бидат долги и да ви одговараат.

Девица

Ако сте во врска, на почетокот на месецот ќе имате креативни идеи за тоа како да ја подобрите врската. Ќе најдете начин да го усреќите вашиот партнер и ќе сакате повеќе да излегувате и да се забавувате заедно.

Бидете внимателни и не ветувајте нешто што не можете да го исполните.

Во втората половина на месецот, ќе бидете поромантични, па искористете го овој период за повеќе време да поминете заедно.

Ако сте слободни, ќе бидете склони кон заљубување и љубовна романса со личност која ќе биде страствена, посебно кон средината на ноември.

Проблемот ќе настане кога ќе сфатите дека таа личност ја интересира само секс и забава со вас, а не е подготвена за врска на долг план. Наместо да се разочарувате, уживајте додека можете и искористете го најдоброто од авантурата, додека трае.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg