Мислат дека се над другите: Хороскопски знаци со најголема суета

Обожаваат да го слушаат сопствениот глас и тие баш секогаш мора да бидат во право. Дури и тогаш – кога не знаат за што зборуваат.

mislat-deka-se-nad-drugite-horoskopski-znaci-so-najgolema-sueta-1.jpg

Според астролозите, постојат неколку знаци од Зодијакот, кои за себе мислат дека се супериoрни над другите луѓе.

Тие цврсто веруваат во својата надмоќ, а како единствена вистина ја прифаќаат само таа што излегува од нивната уста.

Четирите хороскопски знаци со најголема суета се:

Бик

Припадниците на овој ѕвезден знак ги бие глас дека се тврдоглави личности, што не се воопшто празни муабети. Кога станува збор за докажување на нивното знаење и разбирање во сѐ и сешто, тогаш стануваат уште потврдоглави.

Тешко дека ќе признаат кога не се во право, а ќе направат сѐ за луѓето околу себе да ги убедат дека стојат пред сезнајковци. Биковите честопати и имаат солидни знаења, но претпоставуваат дека никој не може да ги надмине по тоа прашање.

Вистина е и дека се мошне интелигентни, но со ароганцијата и несериозното однесување, неретко им оставаат лош впечаток на другите.

mislat-deka-se-nad-drugite-horoskopski-znaci-so-najgolema-sueta-2.jpg

Лав

Неговото височество – Лавот! Ретко кој знак е толку егоцентричен како него. Луѓето кои се родени во овој знак едноставно обожаваат да си го слушаат сопствениот глас. Очекуваат од другите да заборават на сѐ што знаат, бидејќи тоа е „погрешно“, а да ги слушаат само нив, бидејќи она што тие го кажуваат е единствената вистина (така барем Лавовите мислат).

За разлика од Биковите, Лавовите се повеќе театрални. Уживаат кога се во центарот на вниманието и не поднесуваат кога некој ги прекинува додека зборат, па макар нивните говори траеле и до бескрај.

Тие не знаат за смирена, здрава расправа – мора да победат во сѐ - па дури и кога немаат премногу поим за што зборуваат. Поради тоа, знаат да бидат и мошне смешни.

mislat-deka-se-nad-drugite-horoskopski-znaci-so-najgolema-sueta-3.jpg

Девица

Кога ќе дојде до расправи, Девиците ќе направат сѐ за нивните аргументи да победат. Затоа, доколку се најдете во таква ситуација, најдобро е да се издигнете над нив и да ги пуштите да мислат дека се во право. Во спротивно, на расправијата ќе ѝ нема крај.

Девиците сакаат многу да зборуваат, но знаат да бидат и прилично ограничени кога се во прашање фактите. Не ја согледуваат и пошироката слика за целата ситуација. Всушност, тие самите себеси се ограничуваат, бидејќи се длабоко уверени дека се секогаш во право, па немаат ниту потреба да ги погледнат нештата на поинаков начин.

Тоа за нив е  е „губење време“. Како и луѓето родени во знакот на Лав, Девиците се исто така многу горделиви. Попрво ќе се борат, ама нема ја прифатат туѓата точка на гледиште.

Склони кон совршенството, па така и самите за себе мислат дека се совршен примерок на човек, односно никој друг не може да биде во право како нив.

mislat-deka-se-nad-drugite-horoskopski-znaci-so-najgolema-sueta-4.jpg

Стрелец

Припадниците на овој знак се сметаат за најголем светски авторитет за сѐ. Тие се мошне слободоумни и не сакаат кога некој ги ограничува.

Доколку одредена тематика добро ја познаваат, убедени се дека нема подобар од нив. Притоа, не го прифаќаат фактот дека иако поседуваат големо знаење, и понатаму може да научат од некого нешто ново.

Воглавно, ако сакате да избегнете силна главоболка, не почнувајте со Стрелците расправи на теми поврзани со духовноста или патувањата. Во спротивно, ќе зажалите.

mislat-deka-se-nad-drugite-horoskopski-znaci-so-najgolema-sueta-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg