За и против: Зошто (не) треба да бидете во врска со секој хороскопски знак?


За и против: Зошто (не) треба да бидете во врска со секој хороскопски знак?

Со кој претставник на Зодијакот нема никогаш да ви биде здодевно? Кому одговарањето на телефонски повици и пораки не му е јака страна? Ви ги откриваме сите одговори.

za-i-protiv-zoshto-ne-treba-da-bidete-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-1.jpg

Секој хороскопски знак има единствен спој на карактеристики по кои е препознатлив. А, во согласност со тоа, поседува и свои типични доблести и маани, кога е љубовта во прашање.

Колку подобро сте запознаени со нив, толку повеќе ќе знаете дали сте компатибилни како емотивни партнери.

За таа цел, ви ги предочуваме предностите, наспроти недостатоците на врската со дванаесетте претставници на Зодијакот. Зошто (не) треба да му ја подарите својата наклонетост на секому од нив?

za-i-protiv-zoshto-ne-treba-da-bidete-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-8.jpg

Прочитајте што е запишано во астрологијата на оваа тема:

Овен

ЗА: Овните се секогаш подготвени за авантури и експерименти. Полни се со енергија, која е заразна за другите луѓе. Врската со нив ќе ви биде мошне страствена и активна.

ПРОТИВ: Тие може да бидат претерано посветени на себеси. Познати се и по тоа што не одговараат на повиците или пораките.

Бик

ЗА: Биковите се особено љубезни и внимателни партнери. Покрај нив секогаш ќе се чувствувате сигурно.

ПРОТИВ: Врската може да ви стагнира, бидејќи не сакаат да попуштаат. Тврдоглавоста им е заштитен знак, па ретко прават компромиси во име на љубовта.

za-i-protiv-zoshto-ne-treba-da-bidete-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-2.jpg

Близнаци

ЗА: Со нив е сигурно дека нема никогаш да се досадувате. Близнаците се големи говорници и исклучително интелигентни личности. Воедно, тие секогаш ќе ги стават вашите потреби и чувства на прво место.

ПРОТИВ: Поради нивната интелигенција, може да мислат дека сѐ знаат подобро од останатите. Имаат и навика прекумерно да ги анализираат работите, вознемирувајќи се за нештата кои ги смислиле во својата глава.

Рак

ЗА: Ним можете да им верувате. Слободно доверете им ги сопствените тајни, бидејќи тие никогаш нема да ве издадат. Раковите се лојални партнери кои секогаш се однесуваат достоинствено.

ПРОТИВ: Ги карактеризираат чести промени на расположението. Во еден момент се среќни, а после неколку часа ги убива тагата. Но, не се ни обидувајте да дознаете што не е во ред. Тие веднаш заземаат одбранбен став.

za-i-protiv-zoshto-ne-treba-da-bidete-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-3.jpg

Лав

ЗА: Лавовите се одликуваат со бројни позитивни особини. Нивната смисла за хумор, способноста да ги направат нештата забавни и занимливи, како и изразената сексуалност, претставуваат само дел од нивните адути. Со нив ќе доживеете многу прекрасни мигови.

ПРОТИВ: Тие немаат осет за туѓите чувства, па може да ве навредат, дури и кога не им била лоша намерата.

Девица

ЗА: Девиците умеат да бидат најдобрите луѓе на светот. Тие водат сметка за чувствата на другите. Зрели се и доверливи партнери, па можете да се потпрете на нив.

ПРОТИВ: Понекогаш се пречувствителни и неретко се сомневаат во искреноста на другата страна, особено кога е во прашање желбата да им помогнете.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најголемата иронија кај секој хороскопски знак Сите 12 знаци во Зодијакот си имаат темна, иронична страна која вешто се обидува...
Мислат дека се над другите: Хороскопски знаци со најголема суета Обожаваат да го слушаат сопствениот глас и тие баш секогаш мора да бидат во прав...
3 знаци кои никогаш нема да ве изневерат Добро е да ги имате за пријатели, но и како љубовни партнери. Во свет како денеш...