Годишен хороскоп за 2018-та - Овен

Почетокот од годината ќе ви донесе исполнување на еден дамнешен сон, од кој речиси и да се откажавте. Во тој период исто така мора да се грижите повеќе за здравствената состојба и вирусните инфекции кои може да предизвикаат несакани компликации.

godishen-horoskop-za-2018ta-oven-001.jpg

На пролет ве чека интересно патување со личност која порано не ја ни забележувавте. Во еден момент ќе бидете во недоумица по кој пат да тргнете понатаму. За среќа, ако не избрзате со одлуката, таа ќе биде правилна.

Есента за жал ќе ви донесе губење на една блиска личност, по која ќе жалите долго време.

Зимата во 2018-та ќе ви ги залечи раните и ќе ви донесе само пријатни моменти.

Работа и финансии

На поле работа 2018-та година ќе биде успешна за многу Овни, но не поуспешна од 2017-та, која беше брилијантна иако така не ви се чини на прв поглед.

Треба да бидете задоволни со своите достигнувања, колку и да ви се чинат ситни во одредени моменти.

Бидете благодарни, но тоа не значи дека годината треба да ја почнете со одмор. Поставете нови цели, бидејќи ѕвездите ви се наклонети и до крајот на годината ќе исполните што и да зацртате.

Комуникацијата и борбата за опстанок се клучни за успех, а во 2018-та Јупитер ќе ви помогне да ја поттикнете креативноста. Односот со надредените ќе биде коректен преку целата година, затоа очекувајте напредок на работната позиција или зголемување на платата.

Љубов

Пролетта 2018-та ќе биде од клучно значење за љубовната ситуација на многу Овни. Оние во сериозни и долги врски може да ја крунисаат љубовта со брак, кој долго го посакувале.

Исто така, оние кои се сами подолго време може на пролет, посебно во април да го запознаат човекот на својот живот.

Оваа 2018-та од клучно значење е да бидете одговорни и да стоите зад своите постапки, за негативните емоции и болката да исчезнат.

Зафатените Овни може да се впуштат во платонска врска со некој преку работното место. Почетокот на годината добро ќе ги контролираат емоциите, но во текот на пролетта може да влезат и во тајна врска со личноста. Летото ќе им донесе насоченост кон семејството, но и зголемена чувствителност и желба за сигурност.

Слободните Овни во август може да влезат во страствена врска со лице кое живее во близина. Есента ќе им донесе стабилизирање на емотивните односи, а во октомври ќе имаат идеално поставени ситуации за решавање на сите недоразбирања со партнерот.

Здравје

Секако е потребно да водите грижа за здравјето преку целата година, но ѕвездите не ви предвидуваат поголеми и посериозни проблеми. Оние кои се родени во текот на месец март ќе бидат беспрекорно здрави преку целата 2018-та.

Обидете се повеќе време да посветите на активностите кои подмладуваат и смируваат, како медитација и јога. Не претерувајте со било што.

Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg