Годишен хороскоп за 2018-та - Девица

Во 2018 година на Девиците многу работи ќе им зависат од луѓето во околината и начинот на комуникација со нив.

godishen-horoskop-za-2018-ta-devica-01.jpg

Ќе бидете малку вознемирени во 2018 поради огромниот број активности и задачи, но ако го задржите фокусот на важните работи ќе остварите напредок. Мерките на претпазливост се препорачливи на секое поле од вашиот живот. Избегнете ја агресивноста и разговарајте за проблемите.

Вашата надареност за уметност и вишок емоции често ќе ви создаваат проблеми во 2018.

Една личност цело време ќе ја следи вашата работа и ќе ви понуди соработка за која треба да размислите. Доколку долго време го планирате станбеното прашање, оваа година тоа ќе се исполни, но ќе биде проследено со многу недоумици и двоумења.

Од март до април 2018 очекувајте многу ниски удари на работното место, па отворете четири очи. Би било добро пред конечно да донесете некоја одлука, да се консултирате со партнерот.

Здравјето ќе ве служи добро, потребно е само малку подобро да се контролирате во стресните ситуации.

Работа и финансии

Годинава ќе бидете концентрирани на односите на работното место. Многу работи ќе ви зависат од контактите со луѓето во околината и разбирањето со шефовите и колегите. Само со тимска работа ќе успеете да ги реализирате вашите професионални цели годинава.

Некои Девици ќе ја променат работата, а други ќе добијат унапредување и покачување на платата. Во секој случај ќе има позитивни новини, само внимавајте да не се залетате и да се сопнете на скалилото на кое се искачивте.

Пријателите и роднините ќе ви бидат мотивација за заработувачка. Исто така, ќе средите некои семејни прашања, само не дозволувајте емоциите да го надвладеат рационалното размислување за финансиите.

Љубов

Девиците ќе имаат одлични шанси во 2018 да ја пронајдат љубовта што ја бараат или да ја унапредат врската.

Вашите емоции ќе бидат под контрола во поголемиот дел од годината, а љубовта ќе ви биде посилна од кога било. Зад себе ќе го оставите хаотичниот период од изминатите 3 години.

Уште во јануари ќе забележите што имаат ѕвездите на ум за вас. Избегнувајте го минатото, а во месец септември очекувајте сите коцки да дојдат на своето место. Судбински прашања ќе бидат решени во 2018 година.

Зафатените Девици ќе уживаат во чувството на сигурност. Партнерот ќе би биде извор на сила и поддршка ако успеете добро да ги канализирате емоциите. Може да добиете некој значаен подарок од него.

Слободните Девици во 2018 ќе доживеат неверојатна романса исполнета со многу еротски мигови. Токму таа личност може да биде љубовта на вашиот живот. Ако направите баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, новата врска ќе успее да ги надмине сите препреки.

Здравје

Работите во 2018 ќе ви се вклопуваат како од шега и ќе имате доволно време за одмор, опуштање и подмладување. Земете кратка пауза и појдете на некое убаво патување, што ќе ве наполни со позитивна енергија.

Чувството на оптимизам ќе владее со вас и ќе ви помага решително да туркате напред. Само внимавајте да не одите во крајност затоа што ниу премногу напор, ниту премногу одмор не се добри за вас.

Направете рамнотежа помеѓу тоа колку јадете, спиете и сте физички активни и делувајте превентивно.

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg