Годишен хороскоп за 2018-та - Јарец

Тврдоглавоста многу скапо ќе ве чини во 2018-та. Постојат личности кои добронамерно ви делат совети, немојте секогаш да ги отфрлите пред да ги изанализирате.

godishen-horoskop-za-2018-ta-jarec-001.jpg

Кон крајот на пролетта постои можност неочекувано да наследите имот кој ќе ви донесе повеќе грижи, отколку задоволство. Ви недостасува самодоверба и енергија заради што од замислите ќе се откажувате уште пред да ги почнете.

Партнерот ќе биде малку разочаран од вас и кон средината на летото може да очекувате сериозна криза. Вината ќе биде во вас и треба внимателно да размислите за секој кажан збор.

Би требало да посетите очен лекар, бидејќи оваа година видот се повеќе ќе ви слабее.

За среќа, на работното место ќе се здобиете со многу авторитет и моќ.

Работа и финансии

Финансиите ќе бидат добри, а оваа 2018-та година ќе ја паметите по наследството кое може да ви ја поправи ситуација, само ако паметно изиграте.

Нема да имате многу деловни прилики за нови почетоци, но тоа не треба да ве обесхрабрува. Борете се колку што можете и резултатите нема да изостанат.

Потпрете се на стручноста на колегите и надредените. Останете скромни, мирни и работете напорно. Тимската работа добро ќе ви се исплати оваа година.

Крајот на годината е поволен за запишување на курсеви или промена на работното место.

Љубов

Љубовниот живот на Јарците ќе биде главно стабилен оваа година, важно е да излезете од фантазиите и да почнете да живеете. Скромноста и едноставноста ќе ви помогнат да го пронајдете идеалниот партнер.

Не се размазувајте со пари пред потенцијалниот партнер. На овој начин, неволјите и неуспесите ќе бидат подалеку од вас.

Есента 2018-та е веројатно најубавиот период за љубов, бидејќи септември конечно носи смирување на страстите.

Зафатените Јарци, посебно оние во брак, ќе имаат добри шанси да ја одржат хармонијата и не треба да ја уништат со непотребни сомнежи. Искористете ја секоја шанса за подобро да го запознаете партнерот. Оние кои се во долги врски, уште во јануари 2018-та ќе почувствуваат зголемена желба за влегување во брак или заеднички живот.

Слободните Јарци до март 2018-та ќе бидат насочени на дружбите и пријателите, но токму во тој месец ќе запознаат лице кое ќе им донесе преиспитување на нивните љубовни желби и емотивни турбуленции. Ако и понатаму имате неограничена желба за слобода, подобро не влегувајте во врска, бидејќи тоа ќе му пречи на партнерот.

Здравје

Се препорачува редовна контрола на видот. Останатите делови од телото се во ред, но превентивните контроли нема да ви одмогнат. Искористете го убавото време за нов спорт и откажување од пороците.

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg