Според месецот на раѓање: Каков тип на маж ѝ одговара на секоја жена?

Јули

Жените родени во седмиот месец се окружени со луѓе кои везден им говорат што би требало да променат во животот, по кој пат би требало да одат, како би требало да се однесуваат... За разлика од нив, идеалниот партнер ќе се однесува сосема спротивно. Тој ќе ја поттикнува жената да биде во центарот на вниманието, да биде своја и храбра, како и да го постигне сето она што си го зацртала да го оствари во животот, независно од туѓите мислења.

Август

На августовските жени им треба партнер кој ќе им ја говори вистината, колку и да е таа непријатна. Тие се родени водачи. Во крвта им е да бидат лидери, а поседуваат авторитет со кој ги привлекуваат другите луѓе. Понекогаш, истото може да ги доведе и до тоа да станат полни со себе, па потребен им е маж кој ќе знае да ги спушти на земја.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-5.jpg

Септември

На жените родени во септември им е потребен маж кој ќе ги поттикнува да ја следат својата страст за мудрост и знаење. Тие не би требало да си го губат времето со личности кои се плашат од нивната интелигенција, или, пак, проактивната природа. За нив, идеален партнер е оној што е доволно сигурен во себе - за искрено да ги поддржува во нивните соништа.

Октомври

Не е тајна дека октомвриските жени се посебно љубезни, внимателни и симпатични. И тие искрено и со чисто срце се грижат за другите, а тоа навистина се гледа. Меѓутоа, понекогаш се доведуваат во ситуација да бидат изложени на злоупотреба и манипулација. Затоа им е потребен маж кој ќе ги почитува и никогаш нема да ги земе здраво за готово.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-6.jpg

Ноември

Жените родени во ноември имаат по малку чуден вкус. Свесни се дека мнозинството луѓе тешко ги разбираат, како и дека воглавно не сфаќаат на кој начин работи нивниот мозок. Ним им е потребен маж на кого никогаш нема да му здодее, туку постојано ќе се обидува во нив да создаде чувство дека се сфатени. Им треба партнер кој ќе го ислуша сето она што тие имаат да го кажат. Ама, навистина да ги чуе нивните зборови.

Декември

Декемвриските жени се весели и среќни по природа, па најидеален партнер би им бил оној што би ја негувал таа нивна особина. Им треба маж кој ќе ги поттикнува на забава, а во исто време ќе внесува мир и позитивна енергија во нивниот живот.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-7.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg