Летен хороскоп 2011

leten-horoskop-2011-povekjeЛетото е тука, барем календарски :-) и веќе сигурно ве интересира какво лето ќе имате. Прочитајте што ќе ви се случува во летниот хороскоп.

 

Овен

ovenОва лето би можело да почне со повеќе кратки патувања или излети. Постојано ќе бидете во движење и вплетени во мрежа на луѓе. Контактите ќе бидат богати, а вие отворени за секого. Оние кои сè уште бараат сродна душа, лесно би можеле да ја најдат уште на почетокот од летото. Истовремено ќе чувствувате голема потреба за независност (поради транзитот на Уран по вашиот знак), па не се исклучени сосема спонтани движења и патувања на кои би можеле да се одлучите наеднаш, така без план. Но, одлично ќе се снаоѓате. Средината на летото ќе биде нешто помирен период кога ќе се ангажирате околу старите и новите почетоци, било на работа, било во семејството. Ќе има мали проблеми, но вие успешно ќе ги решите. Во последниот дел од летото ќе уживате до крајни граници и ќе земете сè што е убаво од животот и што ви се нуди. Многу врати ќе ви се отворат, а вие со својата енергија и позитивен став ќе поминете низ онаа што ќе ја одберете.

Бик

bikПрвиот дел од летото ќе се ангажирате на зацврстување на постигнатото, како во приватната сфера, така и на работа. Патем ќе ги расчистите сите сметки и ќе ги поставите работите на свое место. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Бидејќи Јупитер е во вашиот знак од 5 јуни, па цела година натаму, вие ќе се чувствувате посилни, повеќе ќе верувате во својата среќна ѕвезда, а можностите ќе ви се создаваат побргу и полесно од вообичаено. Многумина дури во средината на летото ќе успеат да покажат што знаат (кога Јупитер малку ќе заживее во нивниот знак), а  ќе има и такви кои тешко ќе им стават крај на своите хедонистички уживанции. Вториот дел од летото ќе има помали нервози затоа што ќе преиспитувате теми кои не треба предлабоко да се чепкаат. Потоа ќе го дефинирате својот став и ќе се држите до своите принципи. Крајот на летото ќе го дочекате многу задоволни, смирени, среќни и со низа можности за развој и уживање во животот.

Близнаци

bliznaciПред вас е едно долго, убаво и стабилно лето. Најдобро ви се поставени сите долгорочни работи, па сè што ќе започнете уште на почетокот од летото има шанси да заживее. Многумина ќе ја искористат можноста да се „ушалтаат“ некаде каде што отсекогаш сакале, било да е на работа или приватно (ако другата страна ги прими, а веројатно, да и тоа со задоволство). Скоро целото лето нема да имате поголеми проблеми, напротив. Затоа е важно да бидете будни и да ги препознаете вистинските личности, моменти и можности во секој ден што доаѓа. Патувањата ви се отворени, а во вториот дел од летото веројатно долго ќе одбирате и ќе се двоумите во кој правец да тргнете. Тоа ќе биде најмногу затоа што ќе можете да одите секаде. Внимавајте само парите што ги имате да не ги потрошите пребргу и прелесно.

Рак

rakПочетокот на летото ќе донесе потреба за повлекување во свет на мечти и интимности. Многумина ќе се повлечат во својот дом или својата работа ќе ја работат, ако е можно – сами.  Истовремено во главата ќе вртат разни опции, како деловни комбинации (кои ќе бидат нешто како истражувања, но не отворени), така и приватни – ќе ги интересира можноста за платонска или тајна врска. Средината на летото е период кој е за вас добар, но оваа година ќе имате повеќе предизвици од вообичаено. Нема да ги поднесувате авторитетите, а самите ќе бидете растргнати помеѓу можностите и желбите. Нешто ќе мора да сработите по службена должност и така ќе можете да го зајакнете сопствениот карактер. Последната третина од летото донесува олеснување и опуштање кое едвај ќе го дочекате. Нема да ви биде важно кој што мисли туку ќе се насочите кон она вие што го сакате. Многумина ќе уживаат во друштвото на драги пријатели или роднини. Кога станува збор за патувања, оваа година не се посебно нагласени, но за истите нема ни пречки.

Лав

lavЛетото оваа година може да почне со интензивен социјален живот и бројни проводи со вашите пријатели. Ќе уживате во секој момент, а некои на овој начин ќе најдат нова љубов со која би можеле да се врзат на подолги патеки. Истовремено ќе бидете оригинални и стабилни, што ќе се манифестира така што многумина ќе ве повикуваат во своите друштва. Како што ќе одминуваат летните денови, вашата мечта ќе биде сè поактивна, па со откачените идеи ќе ги развеселувате сите околу себе. Вториот дел од летото ќе заблескате како и секогаш, но ќе се појават и мали внатрешни превривања кои ќе ви донесат и ситна нервоза. Ќе мора да решавате некои прашања поврзани со вашата личност или позиција воопшто. Ќе дојдете до решенија и ќе ги примените во пракса. Во последниот дел од летото ќе бидете полни со самодоверба, но внимавајте да не ги тормозите другите со својата искреност и фалбаџиство. Работите добро ќе ви се развиваат, но вие ќе бидете фокусирани на други теми.

Девица

devicaПочетокот на летото ќе биде малку фрустрирачки и напорен. Веројатно ќе добиете низа задачи на работа кои не сте ги очекувале, па бидејќи вие по природа сте вредни, годишниот одмор може да се одложи. Ни личниот живот во почетокот на летото не ви е блескав, можеби е најдобро да и се посветите на работата, ако треба и сè до половината од летото која ви е подобра во секој поглед. При тоа, важно е да се штедите и да ги економизирате силите (добро организирајте ги деновите) затоа што ќе ви недостасува енергија, а деловни и други барања ќе има сè повеќе. Ќе имате визии и силен дух да ги издржите сите напори од првиот дел од летото. Вториот дел од летото носи поопуштена слика (од август) кога ви се враќа силата, јакне волјата и ќе се чувствувате подобро во секој поглед. Ќе има мали внатрешни превривања за кои никој ништо нема да дознае, освен вие самите. Можно е решенијата да ги добивате и низ сништата. Последниот дел од летото ќе се чувствувате како да сте на коњ, сè ќе ви оди од рака, дури и повеќе одошто се надевате. Ќе има „мазни“ ситуации на ваше задоволство.

Вага

vagaМногумина уште на самиот почеток на летото ќе добијат можност да отпатуваат некаде подалеку и тоа многу ќе ги израдува. Ќе имаат потреба да ги прошират своите хоризонти и во тоа ќе успеат. Некои на патување ќе сретнат интересна личност со која би можеле да остварат трајно пријателство или врска. Вашата сериозност која ја носите оваа година ќе биде малку ублажена, но зрело ќе им пристапите на работите и ќе имате можност да покажете и докажете колку сте се развиле (низ претходниот труд, мака, работа и одрекувања) – така некои би ги доживувале плодовите на соите поранешни достигнувања. Средината на летото носи можност за развој на кариерата, но немојте долго да кочите или да се двоумите околу тоа. Малку проанализирајте и тргнете. На напори веќе се навикнавте (Сатурн во вашиот знак ќе остане до 06.10.2012г.), а ќе ги има и во текот на летото. Некогаш ќе бидете ладнокрвни, а некогаш во искушение да ги форсирате работите – ова второво повеќе во втората половина од летото, па затоа контролирајте се. Предизвиците ќе продолжат, а вие на сè ќе морате да му пристапите промислено и зрело. Најопуштен дел ќе ви биде првиот дел од летото, а на самиот крај ќе имате уште еден период кога ќе се повлечете и малку ќе одморите пред новите напори.

Скорпија

skorpijaЛетото ќе ви почне со интересна ситуација на работа. Ќе бидете во позиција да смирувате завојувани страни, а вие самите не сте дел од таа војна. Ќе успеете, но малку ќе се потрошите. Во продолжение растат вашите интереси за духовни и филозофски потраги, па некои летото ќе го искористат за читање, истражување на алтернативни теми, откривање на нови димензии. Освен тоа, во првиот дел од летото ќе се фокусирате и на страстен секс, истражувајќи и каде што треба и каде што не треба, затоа што опозициониот Јупитер ќе ве тера на прекумерен хедонизам. Во вториот дел од летото ќе ја најдете потребната рамнотежа и ќе имате мерка во сè, па ова ќе биде и поквалитетен дел од годишното време, ако ги изземеме малите нервози и превривања. Тие ќе бидат поврзани со вашиот статус на работа и кариерата, а сè ќе добие разврска кон крајот на август. Воопшто, многу работи ќе ви одат од рака и нема да има потреба особено да се трудите. Патувањата ќе ви бидат отворени и тоа на подалечни дистанци, па ако сте во можност, патувајте и уживајте.

Стрелец

strelecПочетокот, но и целиот прв дел од летото ќе ви донесат предизвици во личните односи, како и во односите со луѓето воопшто. Потешко ќе се договарате околу работите, а полесно ќе влегувате во расправии и критики. И вас ќе ве провоцираат, дури и повеќе отколку другите, а на некои Стрелци и врските ќе им бидат во криза. Со вашиот познат шарм, такт, толеранција, хумор и дипломатија, можете да успеете да ги одржите своите односи коректни. Некои ќе се чувствуваат осамено или како светот да е против нив, но ќе бидат силни во идеите, духот и хуморот, па така ќе извојуваат победа. Може да патувате, но подобро сами отколку во пар. Дури вториот дел од летото донесува олеснување, можност за полесно здружување, опуштеност и уживанција. Кога ќе почувствуваат дека им е подобро, многумина веднаш ќе почнат да комбинираат каде да отпатуваат, за тоа ќе имаат силна потреба. Крајот на летото ќе го дочекате смирени, позрели и поприбрани отколку што бевте на почетокот. Затоа вреди да се биде трпелив.

Јарец

jarecНа почетокот од летото веројатно ќе ви стане јасно дека многу си ја сакате работата. Затоа ќе работите со страст и тешко ќе се одвојувате од работата. Ќе имате добра соработка и поддршка од другите во тоа. Истовремено, добро ви се поставени и излегувањата и приватниот живот, па главен предизвик ќе ви биде како да ги искористите добрите можности на двата фронта. Ќе мора добро да се организирате. Средината на летото може да ви донесе уште некои работи кои со задоволство ќе ги завршувате, но на вашиот партнер тоа може да му пречи. Немојте да го запоставите затоа што подоцна може да ви биде жал. Најдете некој компромис помеѓу работата и приватноста. Вториот дел од летото носи зголемени предизвици во секој поглед, но и ваша решеност и сила со тоа да се соочите. Ќе ви биде напорно, но зрело и одговорно ќе завршувате сè што е потребно. Тешко е оваа година да се дефинира најдобриот период за вашиот одмор. Тоа ќе бидат неколку дена опуштање, па потоа повторно некоја задача, потоа порелаксирани денови, па така наизменично. Веројатно ќе се прилагодувате, но крајот на летото ќе ви биде еден од среќните периоди во животот кога многу нешта би требало да ви одат од рака.

Водолија

vodolijaОвогодишното лето ќе ви почне волшебно. Многу можности за нови познанства, богат социјален живот, интересни луѓе – сето тоа е нешто што вие го сакате и затоа ќе се чувствувате исполнето и среќно. Некои би можеле сериозно да се заљубат, а во секој случај новите пријателства, познанства и забави ќе донесат насмевка на вашето лице. Тоа ќе трае низ првата половина од летото. Работата ќе ви оди релативно добро, но за неа нема многу да размислувате, затоа што луѓето со кои што ќе се дружите во овој период многу повеќе ќе ви значат од било што друго. Патувањата се отворени, а особено за помладите. Вториот дел од летото би можел да ви донесе повеќе обврски на работа, како и некои превривања околу соработката. Ова последното може да се манифестира како преиспитување на личните односи, но за сè ќе најдете клуч (по извесно размислување и анализирање). Ќе бидете фокусирани повеќе на другите отколку на себе. Крајот на летото носи мир од една страна, но и најава на нови предизвици од друга, но тоа ќе проследи од есен.

Риби

ribiЗа многумина од вас почетокот од летото ќе биде фрустрирачки затоа што ќе се чувствувате осамено или другите нема да имаат разбирање за вас. Ќе имате можности за излегување и забави, но односите кои таму ќе ги остварите ќе бидат од површен карактер и нема да ве исполнуваат. Треба да бидете трпеливи затоа што средината на летото носи нешто подобра состојба. Некои прилики ќе се отворат, но важно е да не инсистирате по секоја цена. Исто така ќе се актуализираат деловни превривања, па ќе дојде до анализа на оние што се поврзани со вашето работно место. Можно е преструктуирање на работата, повеќе од површен карактер. Тоа дополнително ќе ве изнервира. Ќе калкулирате и околу вашите навики и здравје. Некои ќе испробуваат нови методи на прехрана или релаксација. Пократки патувања ќе има во текот на целото лето и на нив ќе има доволно задоволства за да ве оттргнат од грижите кои ве мачат. За подолги патувања нема препреки, но не се нагласени. Со добро прилагодување, летото може да ви биде сосема солидно. Обидете се да ги почитувате другите.

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg