Ако мислите дека овие луѓе уживаат во водата, погледнете подобро (фото)

Ако ви се чини дека оваа девојка ужива пливајќи во базенот, можеби треба да погледнете подобро. Можеби и повторно нема да откриете додека не го забележите уметникот до неа.

ako-mislite-deka-ovie-lugje-uzivaat-vo-vodata-poglednete-podobro-foto-01

Густаво Силва Нуњез од Венецуела е ликовен уметник кој постојано слика реалистични уметнички дела на момци и девојки во вода.

Обрнува внимание до најситни детали, секоја сенка, секое движење кое реално се случува какви последици може да остави во реалноста, истите тие ги пресликува и на платното.

Дури и прекршувањето на сончевата светлина, испуштањето меурчиња под водата или испрсканите капки при скокањето и уште стотици други детали кои ретко кој би ги забележал.

Тој го работи тоа со толку внимание, љубов и трпение што ќе ви се чини дека ништо не може да го оддели од неговите платна.

Дополнително е тоа што на фотографиите кои ги прави додека слика, застанува во толку реална поза како и тој да е дел од уметничката слика.

Техника на која секој би се воодушевил, а неговите слики се вистинска маестралност.

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg