Направи сам: Висечка ламба од една сијалица во 5 чекори

Ако ви недостасува светлина во домот, тогаш направете си ја оваа интересна и несекојдневна ламба која нема да ви зафати воопшто простор, а е одличен декоративен детаљ кој се вклопува совршено во секој ентериер.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-1

За изработката на оваа ламба не ви е потребен алат, туку само малку труд и многу фантазија:

Потребен материјал:

  • Шраф
  • Навртка која одговара на шрафот
  • Маркер
  • Скалпел
  • Самолеплива лента
  • Флексибилен и тешко запалив материјал (посебна хартија, кожа, платно или жица)
  • Кабел за грлото на светилката

Начин на изработка:

1. Исечете го материјалот за абажур. Стандардната величина за изработка е 22 x 28cm, но вие можете да експериментирате и со други димензии.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-2


2. 
Свиткајте го материјалот на тој начин што со него ќе направите капа, а потоа со маркер обележете го местото на кое ќе го поставите шрафот. Конусот прицврстете го со самолепливата лента и исправете го доколку е потребно, односно за да не погрешите при дупчењето на дупка за шрафот.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-3


3. 
Одвиткајте го материјалот и ставете го на рамна површина и тогаш продупчете ја дупката за шрафот. Потоа, повторно свиткајте го во капа, но сега тоа нека биде околу кабелот.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-4


4. 
Вметнете го шрафот на обежеленото место, зацврстете го материјалот сè додека не го добиете посакуваниот облик, а потоа ставете ја навртката на штрафот за да го зацврстите дизајнот. Поставете ја светилката на грлото и задолжително проверете дали го допира абажурот.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-6

5. Кабелот закачете го на посакуваното место и вашата нова висечка ламба е подготвена за употреба.

napravete-sami-ednostavna-visecka-lamba-vo-samo-5-cekori-7

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg