Во знакот на Велигден: Направете украсни салвети во форма на зајаче (видео)

Како што се ближи најголемиот христијански празник Велигден, така и домаќинките ги привршуваат последните подготовки.

vo-znakot-na-veligden-napravete-ukrasni-salveti-vo-forma-na-zajace-video-1

Во тие подготовки се подразбира фарбањето јајца, нивната декорација и секако малите украси кои ќе му дадат посебна магија на целиот домашен амбиент во знакот на Велигден.

Ако и вие сте при крај со подготовките, а ви фалат уште мали декорации кои не знаете како да ги изведете сами во домашни услови, овие украсни салфетки се одличен избор за вас.

Ќе ви одземат само 2 минути, а ќе ја надополнат вашата велигденска декорација на начин на кој ќе ја одразува вашата креативност и љубов кон празникот.

Потребни ви се неколку салфетки во омилените бои и украсни врвки во различни или исти бои со салфетките и малку трпение.

Може да ги наредите во кошничката со јајца, да ги ставите над нив или на вашата трпеза како украс, изборот е ваш, а сите можности се примамливи за око.

Погледнете го видеото, следете го начинот на виткање и искористете ги овие велигденски трикови за украсување на необичен начин.

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg