Идеи за летните и пролетни венчавки со кои ќе заштедите

Топлите, сончеви денови се вистинско време за венчавката да ја претворите во бајка. Свежо цвеќе, весели бои, уникатни бонбони, совршени слики... Но, како да го направите сето тоа без преголеми трошоци?

idei-za-letnite-i-proletni-vencavki-so-koi-ke-zastedite-001.jpg

Ова е идеална прилика да ја вклучите фантазијата и да ги искористите идеите кои ќе му се допаднат на вашиот буџет.

1. Послужете лимонада

Ако имате прием, не мора да купувате многу вина и коктели. Едноставно, послужете лимонада, цедени сокови или освежителна вода со парчиња овошје. На сите ќе им биде добредојдено ова поинакво освежување.

idei-za-letnite-i-proletni-vencavki-so-koi-ke-zastedite-1.jpg


2. Под отворено небо

Топлите денови се совршени за прослави под отворено небо, па наместо да плаќате скапи ресторани и градини, изнајмете некој не толку познат локал кој има базен или огромна тревна површина. Поставете осветлување, маси и столчиња или едноставно шведска маса и забавата може да започне.

idei-za-letnite-i-proletni-vencavki-so-koi-ke-zastedite-2.jpg


3. Избор на бои

Зошто да се одлучите за една боја и нијанса? Пастелната хармонија е супер избор за сите младоженци кои сакаат да создадат лежерна атмосфера. Букет во боја на праска, чинии во корално зелена нијанса, бели столчиња... и веќе ја имате сликата во глава. Плус, нема да се оптоварувате ако цвеќињата и чаршавот не се иста боја, ниту пак ќе потрошите цело богатство за да ја пронајдете идентичната нијанса.

idei-za-letnite-i-proletni-vencavki-so-koi-ke-zastedite-3.jpg


4. Две посебни столчиња

Дури и најобичните дрвени столчиња за гости може да станат посебни ако ги украсите со натписи и сатенски ленти, баш како на сликата. Така не мора да плаќате декорација која реално не ви е неопходна.

idei-za-letnite-i-proletni-vencavki-so-koi-ke-zastedite-4.jpg


5. Торта

Големо внимание добива и тортата која ќе ја послужите, па затоа потрудете се да биде во хармонија со свеченоста, но и вашите можности. Наместо да бирате филови и глазури кои чинат цело богатство, зошто да не одберете егзотичен рецепт со шлаг или „гола торта“?

idei-za-letnite-i-proletni-vencavki-so-koi-ke-zastedite-5.jpg

Шарен колаж кој ќе ви послужи како инспирација ако планирате летна или пролетна венчавка:

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg