Најлудите дизајни за авионски кабини од иднината

Џони Кларк авионскиот консултант и основач на интернет страната thedesignair.net прикажува концептуални дизајни за воздушните кабини. Практично предвидува што не чека во блиската иднина и како наскоро ќе изгледаат новите воздушни кабини во авионите.

najludite-dizajni-za-avionski-kabini-od-idninata-01.jpg

Еден од тие концепти е „пеперутка“ начинот на седење чија главна позитивна страна е конвертивилноста. Седиштата може да се изменат и да се користат на повеќе различни начини. Може да се користат или како основни седишта или како кревети.

Дизјанерот Ли Џејмс вели дека „флексибилноста е иднината на авионските седишта. Во изминатата декада дизјанерите постојано работат на формирање и креирање на нови идеи со кои седиштата може да се „спакуваат“ во кабините што е можно поидеално“.

Други два типа на седење се премиум седиштата за кратки дестинации и типот на седишта креирани во Е2 проектот.

Дизајнирани специјално за бизнис патниците, седиштата добиваат во широчина се со цел да се добие поголема пристапност на седиштата. Зголеменото растојание дава дополнителни можности за складирање на дополнителен багаж.

Друг тип на идеа е креирање на 3D концепт кој подразбира поединечни парчиња наредени едно на друго или посебни кабини со додавање на паметни детали како компјутери, телевизија и сл.

Уште еден интересен дизајн е Томпсоновото семејно седиште составено од 6 посебни седишта и маса поставена на средина.

Доколку имате пари плус, можете слободно да си купите карта за летање со новата предвидена класа која ќе има поголем простор за секој патник индивидуално, па дури и простор со кревет за спиење.

Уште еден интересен концепт е транспарентна воздушна кабина која успева да го мери расположението на патниците.

Вака ќе изгледаат авионските кабини во иднина:

 

Би можело да ве интересира:

Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg