„Направи сам“ проект: Украсете го домот со велигденски свеќи во форма на јајце

Велигденските декорации во домот можете да ги надополните со интересни свеќи во форма на велигденски јајца.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-01.jpg

Велигденските празници се празници кои го собираат семејството на едно место, а ова е одличен начин да поминете време со семејството за забавни активности.

Потребни материјали:

  • Неколку празни лушпи од јајца
  • Парафински / восочни снегулки или безбојни парчиња од свеќа
  • Неколку фитили за свеќи
  • Неколку хартиени чаши
  • Пастелни бои
  • Етерични масла (по избор)

Подготовка:

1. Направете мала дупка во јајцето и испразнете го јајцето од внатрешната содржина.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-1.jpg

2. Издробете ги на ситни делови пастелните боички и поделете ги рамномерно во две чаши. Надополнете ги со восочни снегулки или изронета свеќа и ставете ги во микробранова да се згреат.

Во рок од неколку минути со интервали помеѓу нив содржината на чашите треба целосно да се стопи. Ако сакате вашите свеќи да бидат ароматични, додадете при топењето неколку капки ароматично масло и брзо промешајте до добивање на хомогена смеса.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-2.jpg

3. Ставете фитил во секоја од лушпите од јајце, така што ќе направите мала дупка во долниот крај на јајцето. Потоа обидете се што е можно побрзо да го налеете растопениот восок во јајцето, придржувајќи го фитилот исправен.

Откако ќе наполните 1/4 од просторот почекајте некое време додека восокот внатре во јајцето се зацврсти и тогаш продолжете со додавање на остатокот.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce3.jpg

4. Повторете ја постапката и со останатите лушпи од јајца, притоа користејќи различни бои и ароматични масла.

Откако восокот ќе се стврдне само нежно искршете ја и излупете ја лушпата од јајцето и веќе имате прекрасни ароматични свеќи.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-4.jpg

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-5.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg