Како Белгијците се грижат за чист воздух: Од индустриска зона направиле еколошко село

Белгискиот дизајнер Винсент Калебо е вистински мајстор кога е во прашање зелената архитектура.

Unikaten-eko-kompleks-kako-zamena-za-stara-industriska-zona-01

Зелената архитектура е нешто кон кое сè повеќе градови се насочуваат, обидувајќи се првенствено да го намалат загадувањето, искористувајќи ги главно изворите на обновлива енерегија.

Калебо со неговиот најнов проект нуди целосна промена на поранешната индустриска зона во Брисел, позната како „Tour & Taxis“.

Со површина од околу 40 хектари, оваа зона, која некогаш била симбол на златната ера на индустријализацијата, сега е во процес на обнова.

Концептот на дизајнерот е местото да се претвори во футуристички еко комплекс, во кој, обновливата енергија од ветерот и сонцето, како и геотермалните централи, ќе бидат дел од елементите на енергетската ефикасност.

По проектот, просторот е поделен на различни зони, во кои се сместени станбени и деловни простории, речиси сите покриени со зеленило.

Во склоп на нив, предвидени се и многу други места за забава, наменети за потребите на модерниот човек.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg