Час по дизајн - кој ја создал познатата трафика?

Сите ја знаеме добропознатата форма на зелената трафика. Таа има безброј функции и неограничен рок на траење. Но, кој е дизајнерот и кога е произведена првата трафика?

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-01.jpg

Покрај тоа што „Киоск 67“ е релативно стар како дизајн и производ, тој сè уште функционира на голем дел од територијата на Македонија, па и на бившите југословенски простори и пошироко. Произведени се 7.500 единици од познатиот киоск во периодот додека се произведувал, односно до 1999 година.

Револуционерниот дизајн „Киоск 67“ првпат се појавува пред 50 години како дело на словенскиот дизајнер Саша Ј. Махтиг. Тој додека работел во Љубљана дознал за потребата од киосци на градската управа и како резултат на тоа се раѓа неговата идеја.

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-03.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-04.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-06_copy.jpg

Анализирајќи ги постоечките бутки и трафики тој доаѓа до заклучок дека тие се третираат како мали куќи. Затоа во својата модерна интерпретација киоскот дава можност за растење и промена на функцијата, поточно модуларниот дизајн на „Киоск 67“ нуди неограничена функција и димензија.

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-05.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-07_copy.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-08.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-09.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-10.jpg

Koj-ja-sozdal-zelenata-trafika-11.jpg

Оригиналната шема на Махтиг се состои од 5 основни носечки елементи и дополнителна опрема: два типа на настрешници и ентериерни елементи на дизајн, како што се полици, светла и ролетни. Првиот прототип се појавува во 1969 година во светло црвена боја и оттогаш не престанува да ја докажува својата безвременост и како дизајн и како индустриски производ.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Генијални изуми и дизајни за деца што ќе им се допаднат и на родителите (фото) Мал писоар за момчиња во јавен тоалет, батерии со горчлив вкус и детско седиште ...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg