Како сами да си направите перница-јазол, најголемиот хит во моментот? (видео)

Доколку ги разгледате омилените профили за уредување ентериери на Инстаграм, сигурно ќе забележите дека насекаде ги има популарните јазол-перници.

kako-sami-da-si-napravite-pernica-jazol-najgolemiot-hit-vo-momentot-video-1.jpg

По прекривките кои наликуваат на дебели џемпери, пролетната сезона ни донесе нов хит: преслатките перници инспирирани од јазлите. Тие се меки, а како што и наговестува и самиот назив, потсетуваат на огромен јазол.

Симпатичниот детаљ за домот веќе ги освои дизајнерите за внатрешно уредување, а достапен е на пазарот во речиси сите бои и дезени на ткаенината. Изгледа одлично како декорација на софата, столиците и креветите, а е супер додаток и за гарнитурата во градината или детските соби.

За да ја изработите сами, потребно ви е само креативност, малку време и уште помалку материјали. Сè што треба да направите е да креирате долга цевка од ткаенина, а потоа да ја наполните со полиестер. На крајот, од меките „цевки“ создавате јазол и имате нов, прекрасен украс за домот.

Видеото во продолжение нуди детален преглед на самата постапка, а во галеријата под него, пак, ви претставуваме неколку инспиративни идеи за тоа како да го дизајнирате, но и каква сè намена може да имаат во вашиот дом.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg