Првиот паметен кондом - брои потрошени калории, брзина на триење и опасност од инфекции

Дали некогаш сте се запрашале колку калории согорувате за време на сексот? Колку изнесува брзината на триењето за време на односот? Колку време траел вашиот сексуален однос или колку сексуални пози сте промениле со вашиот партнер?

Prviot-pameten-kondom-i.con-01.gif

На сите овие прашања и многу повеќе одговори има првиот паметен кондом кој го создадоа British Condoms. Неговото име е i.Con и функционира како еден вид фитнес мерач за пенисот.

Тој ги мери сите статистички податоци поврзани со сексуалниот однос, а исто така може да детектира и знаци на присуство на сексуално пренослива болест и инфекција.

Паметниот кондом е во последната фаза на тестирање и ќе биде пуштен во продажба некаде при крајот на оваа година.

„Ова дефинитивно е револуционерен изум. Не само што е создаден првиот паметен презерватив кој може да го измери буквално секој аспект од перформансот во спалната соба, тој воедно е и индикатор на потенцијални сексуални инфекции“, велат од компанијата која го направи овој неверојатен изум.

Prviot-pameten-kondom-i.con-02.jpg

Прстенот има вграден наночип кој може да се поврзе со телефонот преку блутут. Кондомот има батерија која трае до 8 часа со едно полнење.

96.000 корисници веќе изјавиле интерес за нарачување и купување на производот кој доаѓа по цена од 59.99 фунти.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Генијални изуми и дизајни за деца што ќе им се допаднат и на родителите (фото) Мал писоар за момчиња во јавен тоалет, батерии со горчлив вкус и детско седиште ...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg