5 совети како да го персонализирате вашиот ново-изнајмен дом

Сте успеале да најдете убав стан кој сакате да го изнајмите, но исто така сакате да оставите и свој печат во истиот, за да се чувствувате попријатно во просторот во кој ќе живеете.

5-soveti-kako-da-go-personalizirate-vashiot-novo-iznajmen-dom-001.jpg

Доколку не смеете да се ослободите од мебелот во станот кој не ви одговара, ниту пак да правите дупки во ѕидовите за сите ваши фотографии и уметнички дела, тоа не значи дека не можете на друг начин да го персонализирате вашиот ново-изнајмен дом.

Сепак, уредувањето на домот треба да ја рефлектира вашата личност, па затоа бидете креативни и започнете со менување на работите наоколу и додадете свој личен допир.

1. Користете стикери (налепници за на ѕид)

Најчесто, сопствениците на становите не се многу возбудени кога изнајмувачите сами ќе одлучат да ги пребојат ѕидовите. Ако тоа биде направено лошо, тогаш поправката би била скапа и би одземала време.

Но не грижете се, постојат и други начини како да ги декорирате ѕидовите во вашиот изнајмен стан. На пример, може да употребите различни стикери во секакви форми, бои и големини, за да ги разубавите ѕидовите, без притоа да направите штета на истите.

2. Поставете килими

Можеби нема да бидете задоволни со постоечкиот избор и изглед на подната облога, но сопственикот не дозволува менување. Сепак, постои нешто што може да се направи во поглед на ова прашање, а тоа е поставување на килими.

Пронајдете килим кој ја изразува вашата личност и ставете го во дневната соба, спалната или кујната. Без разлика на големината или формата, килимите ќе обезбедат живост на просторијата. Исто така, тие можат да послужат како разделувачи на просторот, доколку станот е со мала квадратура.

5-soveti-kako-da-go-personalizirate-vashiot-novo-iznajmen-dom-3.jpg

3. Мебел

Повеќето од нас бараат целосно опремени станови. Понекогаш тоа е тешко да се пронајде. Но, дури и да постои таков простор, не значи дека мебелот целосно ќе одговара на вашите потреби.

Доколоку не ви одговара постоечкиот мебел, договорете се со сопственикот да ги преместите во оставата постоечките парчиња мебел.т. За сметка на тоа, пронајдете евтини, но модерни парчиња, со креативен дизајн кои се по ваш вкус.

Доколку сопственикот не се согласи, тогаш може просторот да го декорирате со забавни и шарени перници, завеси или други декорации за мебел.

4. Опкружете се себеси со фотографии

Ваша задача е да го направите изнајмениот простор ваш дом, а фотографиите со пријателите и семејството се одлични за таа цел. Можеби нема да имате дозвола да ги закачите фотографиите на ѕидот, но тоа не треба да ве обесхрабри.

Има голем избор на рамки за слики, кои можат да стојат на рамните површини, на вашите полици, шкафови и маси. А, ако веќе постојат обесени постоечки рамки на ѕидовите, направете промена на содржината, а постоечката содржина чувајте ја на друго место.

Дополнително, купете несекојдневни магнети и дотерајте го фрижидерот - на тој начин ќе направите мала промена и во кујната.

5-soveti-kako-da-go-personalizirate-vashiot-novo-iznajmen-dom-4.jpg

5. Внесете ја природата во домот

Вашите омилени растенија можат да бидат забавен начин за да оставите личен печат. Тие зрачат со живот и виталност и се совршено решение за освежување на изнајмениот имот. Купете некои шарени саксии за вашите растенија и истите поставете ги на масите, покрај прозорците, гардероберите, па дури и во бањата.

Некои билки можат да го подобрат квалитетот на воздухот внатре во домот. Покрај растенијата, може да поставите и други природни елементи, како што се плетени кошници и гајби. Со тоа ќе добиете дополнителен простор за складирање, а истовремено и креативни декорации.

5-soveti-kako-da-go-personalizirate-vashiot-novo-iznajmen-dom-5.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg