Хотелска соба во која се чувствувате „како дома“

Што e тоа што најчесто го забележувате кога ќе влезете во хотелска соба? Просторот на собата доста често е исполнет со голем кревет, комода и гардеробер кој најчесто зафаќа еден ѕид.

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-2.jpg

За плус се смета ако собата има масичка на која може да завршите некоја работа.

Но, што ако хотелот нуди специјална соба која личи на вистински дом - комплет со кујна, простор за дневен престој, трпезарија, мала домашна канцеларија и скриена спална соба?

Тоа е нешто на што не би можел никој да одолее.

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-3.jpg

Овој апартман, кој зафаќа само 24 метри квадратни, е одличен пример како може максимално да се искористи просторот.

Вака направената хибридна хотелска соба ви дозволува да бидете вреден бизнисмен во текот на денот и задоволен сопсвеник на одмор.

concrete-compact-hotel-room-loft-51-5.jpg

Собата поседува голема трпезариска маса како главно акцентиран елемент во просторот, наместо вообичаениот голем кревет кој го среднуваме во другите хотелски соби.

Масата е идеална не само за јадење, туку и за работа, но и кратки состаноци исто така.

Дополнително, одбрани се комфорни столчиња, кои можат да послужат и за релаксација.

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-6.jpg

Компактната кујна обезбедена е со сите неопходни апарати за домаќинство.

Спалната соба е исполнета со голем брачен кревет, а поседува и телевизор - како награда за одмор после напорниот ден.

Белата боја на ѕидовите е одбрана за да не се забележува реалната квадратура, а црната боја на некои места креира одреден степен на драма во просторот.

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-8.jpg

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-.jpg

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-9.jpg

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-10.jpg

hotelska-soba-koja-mu-prkosi-na-sekojdnevieto-11.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg