Идеални за фестивали - Адидас направи специјални патики отпорни на пиво и повраќаница

Најпознатиот фестивал на пивото во Германија, Октоберфест, започнува за неколку недели, а спортскиот гигант Адидас по тој повод промовираше најнов модел на патики на пазарот.

Specijalni-patiki-Adidas-otporni-na-pivo-i-povrakanica-01.jpg

Октоберфест е најпознатиот традиционален фестивал во Германија, а веројатно и најмасовниот. Сепак, со сето тоа пиво и пивопијци околу вас, ќе мора некако да се заштитите од последиците на присуството на огромната толпа посетители.

За среќа, компанијата Адидас се погрижила да направи пар патики коишто се инспирирани од традиционалната германска носија и истовремено отпорни на пиво и повраќаници.

Патиките наречени Адидас Минхен се направени од најквалитетната кожа и се подготвени за скоро секаква можна непогода која може да ве снајде на фестивал со многу пиење.

Specijalni-patiki-Adidas-otporni-na-pivo-i-povrakanica (5).jpg

Specijalni-patiki-Adidas-otporni-na-pivo-i-povrakanica (4).jpg

Specijalni-patiki-Adidas-otporni-na-pivo-i-povrakanica (3).jpg

Specijalni-patiki-Adidas-otporni-na-pivo-i-povrakanica (2).jpg

Specijalni-patiki-Adidas-otporni-na-pivo-i-povrakanica (1).jpg

Благодарение на прекривката којашто е отпорна на пиво и повраќаница, овие патики ќе ви ги одржат нозете суви, а кога ќе се вратите дома нема да мирисате на пивски фестивал.

Патиките исто така имаат карактеристична комбинација на боите којашто ќе може да се вклопи дури и во традиционалната носија, доколку решите толку сериозно да го сфатите фестивалот.

Адидас мислеле на сé, па така со купување на овој пар патики ќе добиете дури и бесплатна кригла за пиво.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg