Првиот „град шума“ во светот ќе биде изграден во Кина (фото)


Првиот „град шума“ во светот ќе биде изграден во Кина (фото)

Ова е еден од начините кои Кина ги пронајде за справување со екстремно загадениот воздух.

prviot-grad-shuma-kje-bide-izgraden-vo-kina-foto-01.jpg

За неколку години отсега во Кина ќе никне т.н. град шума. Градот „Liuzhou Forest City“ ќе биде покриен со милиони растенија.

Италијанскиот архитект Стефано Боери вели дека тој град ќе биде дом на 30.000 жители.

Архитектите се надеваат дека градот ќе апсорбира околу 10.000 тони јаглерод диоксид, 57 тони загадувачи и ќе продуцира 900 тони кислород секоја година.

Деловни простори, домови, хотели, училишта болници ќе бидат покриени со 40.000 дрвја и милион растенија од повеќе од 100 видови.

Градот ќе биде покрај река, секаде ќе се користи соларна енергија и електрични автомобили.

Архитектите се надеваат дека овој град ќе има одличен квалитет на воздух, пониски температури и помала врева. Исто така, се надеваат ќе го населат и многу видови на птици, инсекти и мали животни.

Еве како ќе изгледа „градот шума“:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кина ја отвори најубавата библиотека во светот со 1,2 милиони книги на... Сместена во културниот округ Бинхај во Тијанџин, Кина официјално ја има најубава...
Безбедни деца, возачи и дом: 8 изуми кои ја одведоа сигурноста на ново... Повеќе нема да имате главоболки каде е вашето дете и дали сте ја заклучиле врата...
Екстремно скапи работи само за оние со вишок пари Маркетингот денес може да направи чудо. Дури и да не ви треба некој производ, ак...