|
Некој дечко се решил да и купи на својата девојка подарок и да и го испрати, затоа што таа ќе била во посета кај роднините. Бидејќи не бил...
...искусен во изборот на подароци, ја замолил нејзината сестра да му помогне.
Во една продавница нашле преубави меки ракавици, обложени со топло крзно. Сестрата му помогнала во изборот, а кога веќе биле во продавницата си купила за себе еден пар гаќи.
Но, продавачката кога ги виткала по грешка направила збрка со подароците, па девојката ги добила гаќите со писмо:
|
Најдрага моја,
Се одлучив за овој подарок затоа што забележав дека не носиш на себе, особено кога одиме во прошетка, а оваа зима е навистина студена. Веројатно претпоставуваш дека ја зедов сестра ти да ми помогне во изборот. Кога ги видов, мислев дека се премногу нападни, знаеш дека јас сакам покласични модели. Но, сестра ти ми ги покажа нејзините, кои се многу сличен модел на овие и убаво стојат. Продавачката има исти такви, ги носи веќе 3 недели и едвај и се извалкале не се ни забележува, а вели дека ги остава насекаде. Ми објасни дека треба малку да ги превиткаш кога ги носиш за да се гледа крзното.
Едвај чекам да те видам и да ги тргнам од тебе, па да го бакнувам секој дел кој ти го покриваат!
Те сакам!
|
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Домаќинка vs. вистинска жена...Дали знаете да разликувате дама од вистинска жена? Дали е тоа став или во прашање е карактер? На кратко, според следните совети, видете каде вие ... Како да освоиш жена?...Се верува дека во Тибет живее најголемиот филозоф на светот. Еднаш го посетил некој дечко кој сакал да дознае кој е патот до срцето на саканата.
... Шеги за мажите (3)...И, како да нема крај на шегите за посилниот пол! Нашите читателки сигурно ќе го најдат интересно и третото продолжение од шегите за мажите.
...
 |