Евергрини
Мудра приказна: Судбина или случајност?

mudra-prikazna-sudbina-ili-slucajnost-povekjeВо некоја земја, владеел еден постар крал.  Бидејќи неговиот дух почнал полека да слабее, дошло време да го наследи еден од неговите синови.


Секој од неговите три сина студирал во една далечна земја и напредувал во образованието. Најстариот отсекогаш бил бунтовник. Така ги научил сите воени техники со сите нивни финеси.

Најмладиот Ја одбрал науката. За се морало да постои објаснување и доколку е можно ништо не требало да се менува.

Средниот пак имал повеќе мудри учители. Учел како да се живее со природата, па сфатил дека се најважни внатрешните вредности.

Откако ги собрал сите, кралот сакал да знае кој е најдостоен за неговиот престол. „Што би правел кога би бил крал?“, го прашал секој од своите синови.

„Мој почитуван татко и кралу, јас би променил многу нешта онака како што знам“  му одговорил најстариот син.

Најмладиот му одговорил: „Јас мислам дека сè треба да остане непроменето, онака како што е, и да се продолжи твоето дело“ .

А оној кој  се поврзал со природата одговорил: „Драги татко, сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело“. И покрај тоа што што стариот крал не можел во целост да го разбере одговорот, чувствувал дека треба да го круниса својот среден син - така и се случило.

Кога и да го прашал кралот својот наследник за некаков совет, добивал ист одговор: „Се што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“ Кралот одвреме навреме се лутел за тоа што неговиот син не сакал да преземе никакви одлуки и што за неговите намери тој сè уште морал да сноси одговорност. Секогаш станувал сè погневен.

Еден ден берберот го исекол на левиот образ. Резот бил толку длабок што прскала крв од раната. Откако раната била преврзана, тој наредил да го затворат берберот во темен и влажен подрум и побрзал кај својот наследник да го праша дали постапил добро.

Овој му одговорил: „Ценет татко, сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“ Тогаш стариот крал го изгубил трпението и наредил да го затворат и неговиот син.

Неколку дена подоцна кралот, шетајќи низ шумата, потонал во мисли. Бидејќи залутал толку далеку во мислите, излегол надвор од границите на своето мало кралство. Ненадејно налетал на една група човекојадци, кои биле во лов на луѓе.

Откако нивниот водич го застанал, го измеркал и погледнал под завојот. „Ти сè уште добро изгледаш за своите години“, помислил водачот на човекојадците.

„Oтсекогаш сум сакал еднаш да испечам крал, но нашата вера не ни дозволува да јадеме месо од повредени луѓе.“

Одеднаш кралот се сетил...како ветер се вратил назад и издал наредба да ги ослободат и неговиот син и берберот. Му раскажал на својот наследник што му се случило, а потоа му рекол:

„Драг мој сине, те молам прости ми. Не постапив правилно.“ Младиот крал само тажно го погледнал и му рекол: „Кралу мој, ти сè уште не си го сфатил тоа.“ - „А што уште треба  да сфатам?“, викнал овој возбудено!

„Гледај драг татко, да не ме затвореше во затвор, можеби ќе те следев при прошетката низ шумата. А тогаш јас ќе бев набиен на ражен и печен бидејќи јас не бев повреден. Гледаш мој чесен татко сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“

Многумина од секојдневниот живот би можеле да раскажат вакви „приказни“, како на пример една госпоѓа која заради застој во сообраќајот задоцни на воз, кој потоа излетал од шините; еден човек кој заради семејни причини го одложил летот, а потоа се урнал авионот со кој требало да патува...

На што се должи ова, дали е чиста случајност, среќа или судбина?

И благодариме на Мирјана Богеска која ни ја испрати оваа кратка приказна.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Дали сте знаеле дека...Дали сте знаеле дека......
Дали сте знаеле дека кога завидуваме некому, тоа е затоа што таа личност всушност ни се допаѓа? Дали сте знаеле дека оние кои изгледаат на прв......
Премногу љубезна продавачкаПремногу љубезна продавачка...
Приказнава сме ја слушнале во неколку варијанти и ја имаа обработено и нашите К-15, но ние сметаме дека вреди да се најде во нашата категорија „Е...
Најнов хрватски речникНајнов хрватски речник...
Дали знаете хрватски? Доколку не знаете или не знаете доволно, спремивме неколку македонски зборови и нивните соодветни хрватски преводи... ...
Коментари (11)Add Comment
...
напишано од дфиотгдфг, 21 February 2012
краткааА??
...
напишано од nikii, 28 December 2011
Samo Sudbina.........Nishto Drugo!!!
...
напишано од htht, 23 December 2011
една госпоѓа која заради застој во сообраќајот задоцни на воз, кој потоа излетал од шините; еден човек кој заради семејни причини го одложил летот, а потоа се урнал авионот со кој требало да патува...a gospogjata i covekot go imat Final Destination gledano? smilies/smiley.gif
...
напишано од kene, 23 December 2011
se e sudbina toj sto go propustil vozot i avionot taka trebalo da bide se shto postoi e pravilno zatoa ako ne e pravilno nema da postoi
...
напишано од James Dean, 23 December 2011
Ај ако се има причина, кажи ми која е причината за постоењето на Универзумот?
...
напишано од Avona Vi, 22 December 2011
Nishto ne e sluchajno.. se se sluchuva so prichina !
...
напишано од eee, 22 December 2011
interesno
...
напишано од James Dean, 22 December 2011

А тие што не закасниле на возот и на авионот? И за нив така требало да биде, ама во негативна смисла.
Се е ,,случајно,, и во зависност од тоа на која страна од случајноста се наоѓаш, таква приказна ќе раскажеш!!!
...
напишано од VELOSIPED, 22 December 2011
PA IZGLEDA SI GLUP KAKO TOCAK STOM NE JA SVAKAS POENTATA NA PRIKAZNATA ......INAKU KOJ STAVA NICK TOCAK , TOJ STO NIKOGAS NE SLUSNAL PRIKAZNA
..., Коментар со низок рејтинг [Прикажи]
...
напишано од Zorica bozinovska, 22 December 2011
smilies/shocked.gif

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Кога и да видиш успешен бизнис, некој донел храбра одлука. "
Питер Дракер