|
Еден ден, дедото се шетал со внукот, а тој љубопитно го запрашал: „Дедо, колку си ти стар?“ Тој му одговорил: „Почекај да се сетам...кога јас..
...се родив, никој немаше телевизор. Не постоеше замрзната храна, ниту пак микробранова печка.
Немаше антибеби пилули, ниту кредитни картички.
Никој немаше компјутер дома, мобилни телефони воопшто, по некој фиксен телефон.
Никој немаше машина за перење садови, а алиштата се сушеа надвор на жица на ветрот.
Секоја недела одевме во црква, во петок се јадеше риба, на скијање не сме носеле кацига и скафандер и мотор сме возеле без заштита.
Секоја недела дома се печеше колач, а купувавме слатки на парче за ситни пари.
Кока-кола купувавме за 15 денари, си игравме многу на снегот полуоблечени, а дома се греевме на дрва и јаглен.
Ретко кој имаше сопствен автомобил, а жените со возачка дозвола се броеја на прсти.
Детски градинки не постоеја. Немаше ни СИДА. Секое семејство живееше со бабата и дедото.
Made in Japan значеше евтино и неквалитетно, не се правеше разлика меѓу CD, DVD, mp3…
Шевролет средна класа чинеше 1500 евра, навечер заедно сите слушавме радио...
Што мислиш внучко, колку може да сум стар?“
Неверојатно, но, вистинито – јас имам 60 години!
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Од дневникот на една плавуша...Плавушите се покажале како лоши шофери. Барем така тврдат приказните. Еве уште еден доказ. Насмејте се со извадок од дневникот на една плавуша.... Машко - женски вистини...Маж без жена не може, но и жена без маж не може. Заедно ни е најубаво и најздодевно, раздвоени не можеме. Ова се уште неколку мисли за машко – же... Дали сте знаеле дека......Дали сте знаеле дека кога завидуваме некому, тоа е затоа што таа личност всушност ни се допаѓа? Дали сте знаеле дека оние кои изгледаат на прв......
 |