|
Група истражувачи им дала задача на деца на возраст од 4 до 8 години да одговорат на прашањето „Што е љубов?“. Одговорите кои ги добиле биле...
...опширни и длабоки. Никој не се надевал на такви објаснувања.
Во прилог дел од нив:
1. Кога баба ми доби артритис не можеше да се наведнува и да ги лакира ноктите на нозете. Дедо ми почна да ја лакира, па дури и кога он доби артритис не престана да и помага. Тоа е љубов! – Ребека, 6 години.
2. Кога некој те сака на посебен начин го изговорува твоето име. И ти знаеш дека твоето име е сигурно кога се наоѓа кај него во устата – Бил, 4 години
3. Љубов – тоа е кога одиш некаде да јадеш и му даваш од пржените компирчиња на тој со тебе, без да му бараш нешто за возврат – Дејзи, 6 години.
4. Љубов – тоа е кога се смееш дури и кога си уморен – Тери, 4 години
5. Тоа е кога мајка ми му прави на татко ми кафе па пробува пред да му го даде за да види дали е вкусно – Дени, 7 години
6. Љубов е кога на дечкото ќе му кажеш дека кошулата му стои убаво и после ќе ја носи секој ден – Ненси, 7 години
7. Љубов е кога кутрето ти го лиже лицето и покрај тоа што си го оставил само цел ден – Мери Ен, 4 години
8. Кога сакаш некого, трепките постојано ти мрдаат горе доле, а под нив гледаш само светли ѕвездички – Карен, 7 години
9. Љубов е кога мама ќе го види тато гол во купатилото и не мисли дека ова е грда глетка – Марк, 6 години
10. Ако некого не сакаш, немој да го лажеш дека го сакаш. Но, ако вистински го сакаш, кажувај го тоа почесто. Луѓето забораваат. – Џесика, 8 години
На крајот, авторот ја објаснил поентата на ова истражување. Неговата цел била да го пронајде највнимателното дете.
Победник било 4 годишно момче, чиј повозрасен сосед неодамна останал вдовец.
Кога го забележал старецот како плаче во дворот, седнал до него.
Кога мајка му го прашала што му рекол на соседот, детето и одговорило: Ништо. Само му помогнав да се исплаче...
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Совршен сопруг или ?...После редовниот тренинг во кошарка на група пријатели, во соблекувалната, наеднаш ѕвони мобилен телефон и еден од мажите се јавува, но ja уклучув... Што е успех?...Не е едноставен одговорот. Навистина е битна возраста. И сепак се потврдува правилото дека човекот како почнува така завршува. Хммм... Клик на по... Вака прават професионалците...После секој лет, пилотите на австралиската авио компанијата Quantas, им оставаат белешки на автомеханичарите со опис на проблемот, а пред следнио...
 |