|
Една позитивна страна на чистењето по дома, е што секогаш можете да наидете на стари спомени кои ако ништо друго барем за момент ќе ве вратат во минатото.
Низ фиоките сигурно ќе налетате на тетратки кои сте ги користеле како „дневник“, збирка поштенски марки, збирка салфетки и ливчиња „Детска пошта“, гратиси и позивници за дискотеки.
Токму гратисите и флаерите се инспирација за оваа статија. Родените во 80тите сигурни ќе се сетат на дел од овие промотивни материјали 
Во „наше време“ без „позивница“ не се влегуваше во диско. Ако не се лажам, мислам дека не постоеја ни тајните „списоци“ на врата.
Мангуп си ако се знаеш со менаџерите (можеби дел од нив ќе се пронајдат низ флаерите затоа што требаше да се потпишат, па да се види кој колку луѓе носи во диското ). Ама убаво беше.
Листајќи ги „позивниците“ за Булевар, Мусандра, МНТ, Манда Роса, Сачмо – ќе се сетите на дел од овие убави ноќи.
Во ова време беше измислена и „медиум“ забавата. Се знаеше кој, кога и каде излегува.
Во дискотеки се пушташе диско музика. Денес треба да си среќен ако си во диско и не слушаш српска певаљка или некој новопечен бенд кој те труе со турбо фолк – а, нема нешто понеприродно од тоа да влезеш во диско и да слушаш Џеј или Шабан Шаулиќ шема.
И имаше избор, разноликост во излегувањата. Во една вечер можеше да отидеш на 5-6 места и секаде да си поминеш топ. За волја на вистината – не постоеше ограничено работно време на кафичите, но сепак околу 12 сите се придвижуваа кон дискотеките.
Факт е и дека луѓето беа поспокојни и постоеше вистинска желба за забава – денес фиксното стоење на подиум пред 10 години беше играње и уживање во музиката.
Да не должиме многу, а и повеќе за скопската шема во ова време можете да прочитате на овој линк, а за сега – едно фото потсетување на забавите од „наше време“.
Е.П. | Црнобело
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Мудра приказна: Вредноста на времето...Замисли дека имаш сметка во банка, на која секое утро ти префлаат 86.400 евра. Меѓутоа, на сметката не се пренесува ништо од она што не било...
... Мудра приказна од животот...Ова е приказна за двајца пријатели кои оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено.... Најинтересните мисли и графити...Ова се уште неколку интересни мисли и графити. Дел од нив се мошне вистинити. Ако ништо друго, барем ќе ве насмеат. Наш фаворит: „Подобро да мо...
 |