|
Дали знаете да препознаете вистински пријател од површен пријател? Колку вистински пријатели навистина имате? Ова се неколку карактеристики кои...
...треба да ги имате на ум кога ги броите пријателите:
1. Површниот пријател почнува разговор со куп вести од својот живот. - Вистинскиот пријател прашува: Што има ново кај тебе?
2. Површниот пријател мисли дека потешкотиите за кои зборуваш се нови. - Вистинскиот пријател ти вели: Слушај, за истиве работи зборуваш 14 години. Дај те молам преземи веќе еднаш нешто во врска со ова.
3. Површниот пријател никогаш не те видел додека плачеш. - Вистинскиот пријател има искривени раменици од твоите солзи.
4. Површниот пријател не ги знае твоите родители по име. - Вистинскиот пријател ги има нивните телефонски броеви во адресарот.
5. Површниот пријател носи зготвено јадење на твојата забава. - Вистинскиот пријател доаѓа порано за да ти помогне околу целото спремање.
6. Површниот пријател не сака да му се јавуваш кога веќе си легнал да спие. - Вистинскиот пријател прашува: Што те задржа па не успеа да ми се јавиш порано? Да не се случило нешто?
7. Површниот пријател со тебе би разговарал за твоите проблеми - Вистинскиот пријател би сакал да ти помогне да ги решиш.
8. Површниот пријател кога те посетува се однесува како гостин. - Вистинскиот пријател си го отвора фрижидерот и се послужува сам.
9. Површниот пријател мисли дека е крај на пријателството кога ќе се скарате. - Вистинскиот пријател знае дека после караницата – тоа е моментот кога допрва почнува вистинското пријателство.
10. Површниот пријател очекува дека секогаш ќе му бидеш на располагање. - Вистинскиот пријател знае дека секогаш ќе биде тука кога ќе ти затреба.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Извлечете животна поука...Животот ни е најголемиот подарок. Треба да знаме да го цениме и да го искористиме до максимум. Извлечете поука од следната приказна низ фотографи... Кој како си ја наредил!...Како што старееме така ни е се појасно дека има вистина во мудроста “Кој како си ја наредил“. Ова е чист пример дека е навистина така. И станува ... Најубавото проштално писмо...Ова е проштално писмо на еден гениј. Габриел Гарсија Маркез е најпознат колумбиски писател, најмногу по неговото дело “Сто години самотија“.
...
 |