Приказна - Мојата мајка

Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев... беше срам за нас. Во нашето училиште таа ја подготвуваше храната за учениците и учителите.

prikazna-mojata-majka

Еден ден додека сè уште бев во тоа основно училиште мојата мајка влезе во моето одделение да ме поздрави. Ми беше многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав. Подоцна пријателите од одделението ми се потсмеваа.... леле твојата мајка има само едно око! Пропаѓав во земја и сакав мојата мајка едноставно да ја снема... Кога повторно ја видов станав и и реков – Ако од мене правиш предмет на потсмев подобро е да умреш!

Мојата мајка ништо не одговори...

Не застанав ниту за момент да размислам за тоа што го реков, бев толку полн со лутина. Не бев заинтересиран за нејзините чувства... Сакав да си отидам од дома и никогаш повеќе да не ја видам.

Подоцна во животот учев многу и добив шанса да отидам во Сингапур на студии... Имав среќа. Се оженив, купив куќа и добив деца. Бев среќен со својот живот и со сè околу себе иако живеев во странска земја.

Но, еден ден, мојата мајка дојде да ме посети... таа нe ме имаше видено со години, ниту пак ги имаше видено своите внуци. Се појави на вратата од мојот дом. Моите деца почнаа да ја исмеваат. Јас и се развикав зошто само така се појавила, неповикана.

Викав на неа – Како си се осмелила да дојдеш во мојата куќа и да ми ги плашиш децата? Оди си од овде, веднаш!

Мојата мајка само тивко одговори – Извинете, мора да сум ја згрешила куќата – и ја снема...

И така еден ден, по неколку години, дојде писмо. Бев повикан назад во својот роден крај за годишнина од матурата. Ја излажав жена ми дека мора да одам на службен пат. По прославата, од некоја љубопитност, отидов до нашиот стар дом. Кога ме видоа соседите, ми кажаа дека мојата мајка умрела. Не пуштив ни солза. Ми предадоа едно писмо за кое рекоа дека е од неа...

Драги мој сине,

Мислев на тебе цело време.

Прости ми што дојдов кај тебе дома и ги исплашив твоите деца.

Ми беше драго кога слушнав дека си успеал во животот и дека ќе дојдеш на прославата тука.

Јас можеби нема да можам да станам од кревет и да те видам.

Жал ми е што секогаш ти бев товар и срам.

Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа во која ти изгуби едно око.

Како мајка, не можев да поднесам да растеш без едно око.

Докторите те прегледаа и ми рекоа дека е можно.

Јас тогаш ти дадов едно мое око...

Бев толку горда што мојот син го гледа светот за мене, со тоа око.

Со љубов, За Тебе Секогаш...

Твојата Мајка...

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg